• Latest

ДИК со забелешки до извештајот на ДЗР, дел од наведените точки се неточни

July 29, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДИК со забелешки до извештајот на ДЗР, дел од наведените точки се неточни

July 29, 2021 15:35
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа 11 седница на чиј дневен ред беа неколку точки, меѓу кои разгледување на барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател и член и заменик на Општинските изборни комисии (ОИК), случаен избор на претседател, заменик претседател и член и заменик на ОИК чии барања за изземање се прифатени од ДИК, како и правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на ДИК.

На седницата беше усвоен записникот од 10-тата седница на ДИК, а потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, соопшти дека до нив пристигнале 44 барања од претседатели, потпретседатели, членови и заменици членови на ОИК кои бараат нивно изземање поради одредени здравствени, семејни или други причини. Дел од тие барања беа прифатени, а на нивно место на истата седница по случаен избор се избраа нови претседатели, потпретседатели, членови и заменици членови на ОИК.

Членовите на ДИК на денешната седница го усвоија и правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на ДИК. Како што појасни потпретседателката Шеху, со ова нема да ја зголемуваат, ниту намалуваат систематизацијата, туку на некои места додаваат дополнително стручно оспособување на вработените или дополнување со друг вид образование и на одредени подрачни одделенија каде бројот им е зголемен, а во некои други подрачни одделенија каде имаат намален број на вработени, прават размена на работните места.

Потпретседателката на ДИК Шеху, во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) кој беше објавен вчера, пред почетокот на седницата, посочи дека сите материјали во писмена форма уште еднаш ќе ги испратат до ДЗР за да ги разгледаат, бидејќи, како што посочи, дел од наведените точки во извештајот се неточни.

– ДИК никогаш не вршеше исплата без соодветна доставена документација за ниту еден денар, а не такви износи кои беа прикажани вчера во медиумите. Првата точка дека ДИК извршила исплата за надоместок без да достави докуметни не е точно. Тука ние ги имаме податоците кои им беа дадени на ДЗР. ОИК до ДИК согласно Изборниот законик доставуваат извештај за работа и финансиски извештај, тука ни се материјалите, истите ги имаме во правниот сектор, сите се со потребна документација и за извештајот за работа и финансиските извештаи со сите фискални сметки, како што е кажано во прирачникот на ДИК, рече Шеху.

Во однос на забелешката дека ДИК вкупно за 154 лица ангажирани како помошни тела платила 5 милиони денари без критериуми, кои не се квалитативно определени и мерливи, таа рече дека согласно Изборниот законик, ДИК по распишување на изборите носи одлука за утврдување на потреба од формирање помошни тела за спроведување на изборите.

-ДИК во 2019 и 2020 повеќето од изборите ги спроведе со помошни тела затоа што во правниот сектор, финансиски сектор, секторот за ИТ, имавме само по едно лице вработено со неопределено време договор. ДИК носеше нова систематизација, побара план за вработување и се обрати до МИОА и МФ за вработување на неопределно вработени лица за стручната служба на ДИК. ДИК е комплетирана што се однесува на вработените, посочи Шеху.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ