• Latest

Заев: Прагот од два отсто за потписи за независните листи ќе биде или намален на еден отсто или укинат

July 31, 2021
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Прагот од два отсто за потписи за независните листи ќе биде или намален на еден отсто или укинат

July 31, 2021 18:27
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Прагот од два отсто за собирање потписи за независните листи во Предлог-измените на Изборниот законик ќе биде намален, веројатно на еден отсто или можеби и укинат. Како ќе одлучат пратениците, јас како политичар тоа ќе го поддржам, изјави денеска премиерот Зоран Заев за време на денешната посета и активности во Валандово.

Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ги слушнал пратениците од сите пратенички групи дека укажувањата во однос на измените на Изборниот законик од стручната јавност се прифатливи.

„И, верувам дека веќе е изнајдено решение. Така да, Изборниот законик ќе биде согласно укажувањата коишто стигнаа и од експертската јавност, но и од помалкубројните и незвисните, така да кажам, заради тоа што тие оценија дека не е коректно поголемите партии да го определуваат процентот или прагот на неопходен број на собрани потписи за поднесување на независните листи. Видов дека има амбиент и ќе биде намалено два отсто веројатно на еден отсто или можеби укинат. Како ќе одлучат пратениците секако јас како политичар тоа ќе го поддржам“, рече Заев по пуштањето во употреба на автоматизиран систем за наводнување во Општина Валандово.

Во однос на можностите за коалицирање на претстојните локални избори, Заев рече дека коалицијата ги изградила коалициските аспекти, и меѓусебната поддршка е јасно видлива.

„Секаде каде што ќе немаме кандидати се поддржуваме еден со друг, секаде каде што ќе имаме одиме граѓаните да ни дадат насоки како е најдобро за нив, а веднаш во вториот круг да си ја дадеме поддршката. Тоа е за мене огромна демократска вредност  и доблест. Сум благодарен на лидерите на ДПА, БЕСА, ДУИ досега, но сум благодарен и на лидерите на помалите коалициски партнери кои што се со нас“, истакна Заев.

Предлог-измените на Изборниот законик, којшто е во собраниска процедура, предвидува дека независните листи мора да соберат потписи од два отсто од избирачите во една општина за да се кандидираат на локалните избори./ МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ