Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола, а сѐ уште гори во скопско с. Побожје, каде што се запалени три куќи. Како што кажа помошник раководителка на Секторот за операции и координација при ЦУК, Марија Милкова Милкова, за кратко време ќе дознаат каква е состојбата и која е причината изгорувањето на куќите.
Локализиран е пожарот во с. Разловци во делчевскиот регион, но и кај с. Герман во Крива Паланка. С гори и во кумановскиот и прилепскиот регион. Во меѓувреме, локализиран е пожарот во с. Разловци во делчевскиот регион, но и кај с. Герман во Крива Паланка.
Како што информираа од ЦУК, состојбата со пожарите до 16 часот, во пехчевско – беровскиот регион, е ставен под контрола. На терен се екипи на Армијата, ТПЕ, ДЗС и други субјекти, како и месното население.
Милкова изјави дека кракот од истиот пожар во с. Разловци, во делчевскот регон, целосно е под контрола но и таму, сѐ до утрешниот ден, се присутни екипите на ТПЕ, месно население и Армијата, за да ја следат состојбата.
Пожарот во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ се активни и во текот на денешниот ден таму дејствуваше авионот на романското воено воздухопловство. Овој пожар, во 14.45 мин. е проширен кон сртот на ловиштето Јасен. Милкова посочи дека на терен се припадници на Армијата, ДЗС, противпожарни бригади и месно население од Сарај кои се на терен и се борат со пламените јазици за да го локализираат прожарот до крајот на денот.
Во Чучер Сандево кај с. Побожје, каде се запалени три куќи. Таму е ППБ на Град Скопје. Активен е пожарот во Петровец с. Дивље м.в. Крушје, но со намален интензитет. На терен се претставници од Армијата, ППБ од Град Скоопје, ШС Караџица и месно население.
Пожарот во Прилеп, Топлица е активен кон с. Крстец. На терен се претставниците од ШС Црн бор од Прилеп и претставници на ДЗС. Пожар со помал интензитет има и кај с. Средорек, но тој се држи под контрола.
Активен е пожарот и во Агино Село, кој избувна денеска околу 12.30 часот. Како што информира Милкова, таму горела сува трева и стрништето. На терен се преставници од Противпожарната бригада од Куманово, претставници од бригадата на Град Скопје, месното население.
Од 15 часот, повторно е активен и пожарот кај Македонски Брод, кај с. Слатина. На терен се претставници од ТППЕ Македонски Брод, од МВР, месно население. Патниот правец Македонски Брод кон Самоков е во прекинат.












