• Latest

За неполна година 100 придружувања кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ

August 11, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За неполна година 100 придружувања кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ

August 11, 2021 14:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска на прес конференција информираше дека изминатава година, Република Северна Македонија има испорачано 100 придружувања кон Заедничката Надворешна и Безбедносна Политика на ЕУ.

“Практично од вчера, со последното придружување, Република Северна Македонија испорача 100 придружувања кон Заедничката Надворешна и Безбедносна Политика на ЕУ за неполна година, или поточно, од септември минатата година откако јас ја презедов одговорноста да ја предводам дипломатијата. Со тоа, стапката на придружување во посочениот период порасна на над 95% што е покачување од три процентни поени споредно со последниот извештај на Европската комисија кога изнесуваше 92%. Моја интенција е наскоро овој процент да достигне 100% како израз на нашата јасна надворешно политичка ориентација кон европските и евроатлантските структури”, истакна Османи.

Говорејќи за инструменти преку кои ги развиваме партнерските односи со земјите членки на ЕУ, Османи ја потенцираше принципиелноста на нашата позиција, како демонстрација на европска сериозност во водењето на нашата надворешна политика, и тоа во време кога земјата е соочена со многу сериозна но непринципиелна препрека за напредок во европските интеграции.

“Во време кога и самата Европската Унија не успева да обезбеди консензус за продолжување на нашето европско интегрирање, ние јасно покажуваме дека сме цврст и принципиелен партнер, и дека од аспект на нашата европска ориентација ние немаме дилема дека сме дел од Европа и дека припаѓаме внатре во Унијата. Република Северна Македонија станува најсилна точка во заштитата и промоцијата не евроатлантските вредности во регионот, и затоа, со право сметаме дека е време и Европската Унија да ја демонстрира својата принципиелност кога се работи за нашите европски интеграции. Ние испорачуваме, треба и Европската Унија да испорача”, заклучи Османи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ