Петар Георгиевски – Камиказа, басистот на групата Меморија на својот Фејсбук профил објави статус со кој најави дека би настапил на претстојните локални избори како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржан од партијата Левица.


Ако кампањата која ја водам го погоди неопределеното гласачко тело победата е на праг, се разбира заедно со сите вас. Доколку вашата поддршка остане за мене како НЕЗАВИСЕН кандидат поддржан од ЛЕВИЦА со радост ќе го прифатам овој предизвик во кој ќе си ги жртвувам сопствениот мир и спокој.
Ете тоа е она што сакав да ви го соопштам пред два дена. За жал друго решеније нема, ова е единствено. Значи да повторам НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ за градоначалник на Град Скопје, со поддршка на ЛЕВИЦА. Немам ништо што да кријам од вас, еве го споделив можеби единствениот начин да го симнеме овој КРАДОНАЧАЛНИК“, пишува во дел од Фејсбук статусот на музичарот Петар Георгиевски – Камиказа.
Поддршка за неговата независна кандидатура доби и од Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, која пишува:
„Само напред! Заслужуваме чесни кандидати на избори. Да имаме конечно за кого да гласаме“.
Горгиевски – Камиказа истакна дека за 48 часа (од кои 16 часа изминаа) заеднички со граѓаните ќе одлучи дали „независно“ со помош на Левица ќе се трка за градоначалничката фотелја на Град Скопје.
Д.М.













