• Latest

Преглед на активностите околу подготовките за пописот: По многу предизвици, пописот почнува утре

September 4, 2021

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Преглед на активностите околу подготовките за пописот: По многу предизвици, пописот почнува утре

September 4, 2021 11:15
in АНАЛИЗИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ будно ги следеше и се уште ги следи сите активности околу пописот на населението во Република Северна Македонија уште од почетокот, со бројни настани и постојани известувања на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа. Екипата на ЦИВИЛ на крајот на изминатата година и почетокот на тековната година одржа неколку панели на локално ниво со претставници од различни општини, на тема „Пописот е статистика, не политика“, како и со претставници на Државниот завод за статистика, како што е директорот на оваа институција, г. Апостол Симовски, со кој и денеска, два дена пред почетокот на пописот разговаравме за неколку важни прашања во врска со оваа важна операција.

Заклучокот од сите јавни настани што ги одржа ЦИВИЛ  во врска со пописот, беше дека пописот е неопходна операција, и не смее да се политизира.

Нов попис требаше да се спроведе во април годинава, но и овој пат не се одржа. По силната владина кампања за неопходноста од одржување на овој процес, и кампањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за бојкотирање на пописот заради услови во пандемија, односно загрозување на здравјето на граѓаните, пописот во април се одложи, а голем број граѓани од дијаспората веќе се попишаа во првата фаза на процесот, односно во фазата на попис на македонски граѓани со престој надвор од државата.

Досега се самопопишале приближно 191 000 македонски државјани во странство.

Спроведувањето на пописот ќе почне во недела, на 5 септември, а релевантните институции информираат дека се е подготвено за успешно спроведување.

На редовната прес-конференција во Владата што се одржа пред два дена, портпаролот Душко Арсовски соопшти дека во сите комисии на 50-те пописни реони се завршени обуките на реонски инструктори и реонските попишувачи.

„Во деновите до недела, кога во 8 часот наутро попишувачите ќе излезат на терен, ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови со кои се задолжени попишувачите. До недела, секој попишувач заедно со својот реонски инструктор ќе направи и план за движење низ пописниот круг со цел ниту еден објект, ниту едно домаќинство, да не остане неопфатено. Сигурни сме како Влада дека граѓаните со доверба ќе ги примат попишувачите и ќе им ги дадат потребните податоци коишто ќе овозможат подобра иднина за сите нас и за земјата во целина“, изјави Арсовски.

И премиерот Зоран Заев уверува дека дека не очекува проблеми со спроведувањето на пописот, а во одговор на новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи, тој најави дека ќе има рокади на попишувачите.

– Ќе се трудиме секојпат со максимална флексибилност. Разговарав со министерот за правда и во една прилика и со директорот на Заводот за статистика каде што секако кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред се во барањата и очекувањата на граѓаните, изјави Заев.

Заев рече дека е мал процентот на ваквите реакции, затоа што и поголем дел од попишувачите се вакцинирани, а, како што рече, и над 50 проценти граѓани над 40 години се исто така вакцинирани.

Пописот ќе се спроведува до крајот на септември. Ваква статистичка операција во земјава последен пат е спроведена во 2002 година.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ вели дека очекува во недела наутро да започне пописот, којшто ќе трае до 30 септември и којшто треба да ги собере сите информации. Тој уверува дека нема да има никакви правни пречки за почеток на пописот, а нема ниту технички и логистички пречки.

„Точно е дека се работи на дополнување на бројот на резервни попишувачи во одредени подрачја. Владата на располагање ги стави оние лица, кои се ангажирани со договор на дело по институциите, да помогнат таму, каде што има потреба и мислам дека со тоа ќе се заокружи бројот на попишувачи“, вели Маричиќ.

Во однос на бројот на пријавените попишувачи, Маричиќ објасни дека поголем број од попишувалите се пријавиле сами, но заради условот да не бидат во работен однос, пријавите биле ограничени.

„Најголемиот дел од попишувачите се самопријавени на огласот, но ограничувачки фактор беше тоа што тие мораа да бидат невработени, а многу малку беа заинтересирани на самиот почеток. Имавме подолготрајна кампања, па дојдовме до бројката од над пет илјади попишувачи, а онаму кадешто недостасуваа, покриваме со лица ангажирани на договор на дело, бидејќи тие не се во редовен работен однос и нив не им тече стаж“, посочи Маричиќ.

Треба да се означи колку имаме резидентни граѓани, а колку нерезидентни. И двете групи ќе бидат вклучени во крајната вкупна бројка што е битна за уставните категории. Уверувам дека никој нема да загуби никакви права, уверува Маричиќ, и додава дека правата се гарантирани и стекнати и дека, како што вели, никој нема да ги чепка.

Пописот ќе овозможи база за понатамошни тематски истражувања наменети за лицата со попреченост. Ова е еден од заклучоците на средбата одржана во Владата, Меѓунационалното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, директорот на ДЗС Апостол Симовски, претставник од Народниот правобранител и претставници на граѓански организации на лица со различни видови попреченост.

Пописот ќе овозможи реална слика за потребите на лицата со попреченост

-За да можеме како Министерство за труд и социјална политика со локалната самоуправа како партнер, и да можат и невладините организации да бидат вклучени во имплементација на социјалните услуги во заедницата, нас ни се неопходни вистинските бројки. Оттука, пописот како статистичка операција, којашто започнува на 5 септември, многу е значаен за нас како Министерство за труд и социјална политика. Потребно ни е да го знаеме бројот на лица кои имаат потреба од Дневни центри, каде се наоѓаат територијално во државата, колкава е нивната возраст, колку лиценцирани даватели на вакви услуги имаме и колку финансиски средства е потребно да се проектираат во нашиот Буџет, за испорачување на овие услуги во заедницата, посочи министерката за труд и социјални политики, Јагода Шахпаска.

ЦИВИЛ разговараше со Директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски за текот на претстојниот попис, за тоа како течат финалните подготовки за пописот, воспоставените здравствени протоколи со оглед на пандемијата од КОВИД-19, дилемите на група граѓани во однос на попишувачите, односно дали ќе примаат невакцинирани попишувачи. Го прашавме г. Симовски што мисли за одредени политички субјекти што повикуваат на бојкот на пописот, како и за соработката со институциите, медиумите, политичките партии и граѓанското општество во текот на подготовките на оваа голема и важна операција.

„Пописот започнува за два дена и ние сме целосно подготвени за оваа операција успешно да ја завршиме. Фактички, сите подготовки се веќе завршени и сега остануваат уште многу ситни организациски работи коишто треба да ги завршиме. Точно е дека имавме проблеми со обезбедување соодветен број на учесници во пописот, ни се погоди заради летниот период, годишните одмори, случувањата со пожарите, пандемијата којашто исто така почна повеќе да се шири во последно време, желбата на граѓаните за учество во пописот, да биде на соодветно ниво, меѓутоа, сите проблеми се решени и мислам дека ќе стартуваме успешно во недела, и дека ќе го завршиме пописот онака како што сме предвиделе, и во тој рок.“, посочи меѓу другото директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Во однос на безбедноста на граѓаните и попишувачите, што се однесува до КОВИД-19, Симовски вели дека од елементарна важност е сите да ги почитуваат протоколите, и граѓаните и попишувачите.

За најавите од одредени политички субјекти дека ќе го бојкотираат пописот, тој порача дека пописот е општествено одговорна и нужна работа и не би го правеле ако тоа не е во интерес на граѓаните.

“Тие што повикуваат на бојкот, не и мислат добро на државата, и не им мислат добро на сопствените граѓани“, вели Симовски.

 

Симовски: Пописот да не се злоупотребува за изборни цели

Пописот ќе почне на 5-ти септември, утре, и ќе трае до 30-ти септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. Податоците од пописот ќе бидат објавени најдоцна за четири месеци.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ