• Latest

Шумските пожари предизвикаа штети од 31,1 милион евра, за пошумување на уништеното ќе требаат две години

September 4, 2021

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шумските пожари предизвикаа штети од 31,1 милион евра, за пошумување на уништеното ќе требаат две години

September 4, 2021 11:51
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај тоа што се уништија едни од најубавите шумски предели во земјава и е предизвикана штета од околу 31,1 милиони евра, пожарите што годинава ја зафатија земјата предизвикаа катастрофа на шумскиот фонд, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, велат за „Мета.мк“ од ЈП Национални шуми.

Заклучно со 15 август, годинава биле опожарени површини од 9.907 хектари во околу 150 пожари, при што констатирана е опожарена дрвна маса од дури 448.087 метри кубни. Колку за споредба во однос на тоа колку катастрофално загадување на воздухот предизвикале овие пожари и колкави емисии на стакленички гасови се испуштени, во целата 2019 година, сите домаќинства што се греат на огревно дрво во земјава искористиле дрвна маса од 970.715 метри кубни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

„Стогодишни шуми изгореа во пожарите во Малешевијата, во високите делови на месноста викана Бајаз-Тепе, која се наоѓа на потегот меѓу Делчево и Пехчево. Силниот оган зафати огромен фронт и опустоши голема површина. Станува збор за катастрофа со огромни размери и тоа не само што е предизвикана материјална штета, опожарени се и пчеларници и бројни објекти, туку штетата има и еколошки и биолошки последици“, посочуваат од ЈП „Национални шуми“.

Тие додаваат дека во огромните пожари најмногу е изгорена борова шума и помали делови со даб и смрека. Пожарите беа првенствено сконцентрирани во Малешевијата, а огнот ги зафати еден од најубавите планински предели меѓу Тработивиште и Стар Истевник на север до Мачево и Пехчево на југ, што е оддалеченост од околу 18 километри.

„Експертите велат дека штетите се огромни и дека тие нема да може да се санираат за година или две. Доколку надлежните почнат веднаш со расчистување на опожарените места од пролет веќе ќе може да се почне со пошумување на овие делови. Но, сепак како што велат експертите при пошумувањето ќе треба да се менуваат видовите со кои ќе се пошумува, да се изберат видови што се потешко запаливи, видови што брзо се обновуваат“, објаснуваат од ЈП „Национални шуми“.

Покрај тоа што пожарите исклучително негативно влијаат на климатските промени и на загадувањето на воздухот, пустошењето од огнот доведува до тоа изгорените дрва да се извор за развој на патогени штетници. Исто така, на изгорените површини може да се зголемат ерозивните процеси на земјиштето, да се појави дебалансирање на водниот режим, губење и опустување на вегетацијата.

Службите на ЈП „Национални шуми“ работат на собирање на податоците од сите подружници за да се пресмета точната штета од пожарите, додека Инспекторатот за шумарство и ловство треба да изготви решение со кое ќе го задолжи јавното претпријатие да направи санација на теренот и во рок од две години да изврши пошумување.

„При одредување на дрвните видови за пошумување на опожарените површини предност ќе се даде на автохтоните лисјарски видови со цел во иднина да се намали опасноста од појавување на пожари од вакви размери. Пошумувањето ќе го вршиме под надзор на стручни лица. При пошумувањето приоритет ќе се даде на ерозивните површини, површини во близина на населени места и водните ресурси“, појаснуваат од ЈП „Национални шуми“ околу планот за санирање на опожарените површини.

Тие дополнуваат дека планирана е соработка и со сопствениците на приватни шуми кои беа уништени во пожарите, за да се вклучат и тие во целиот процес за обнова на овој важен природен ресурс.

Инаку, шумите покриваат 9,4 отсто од површината на Земјината топка или 30 отсто од вкупната копнена површина, но некогаш покривале дури 50 отсто. Оваа година бројките уште повеќе ќе се намалат поради големите пожари. Шумарството е еден од клучните сектори што влијаат врз климатските промени.

Во годините кога нема големи шумски пожари, според достапните податоци за Северна Македонија, шумите имаат позитивно влијание преку апсорбирање на штетниот јаглерод диоксид што е испуштен во атмосферата. Наспроти ова, во годините како актуелнава, кога се опустошуваат огромни пространства под шуми, запалените дрвја се извор на аерозагадување и испуштање на огромни количини јаглерод диоксид, кој пак е главниот причинител за зголемување на просечните температури на воздухот.

META

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ