• Latest
Талибанците го освоија Кабул, август 2021 (фото извор: Wikimedia)

Талибанци – мирот ќе биде полош од војната

September 7, 2021

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Талибанци – мирот ќе биде полош од војната

Авганистан речиси и нема економија. Се живееше од шверц на хашиш и од големи пари кои влегуваа во земјата и преку сојузничките фондови и преку донаторите на талибанците. Сега тие пари ги нема, а во земјата се гладни 18 милиони граѓани, пред сè деца помали од 5 години.

September 7, 2021 18:00
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Талибанците го освоија Кабул, август 2021 (фото извор: Wikimedia)

Талибанците го освоија Кабул, август 2021 (фото извор: Wikimedia)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Еден од подобрите познавачи на авганистанските состојби во новинарството –  Жарко Тркањец од загрепски Глобус – неодамна откри дека во текот на преговорите меѓу талибанците и претставниците на меѓународните сили во Кабул, одржани во Доха, била изречена прогнозата – „мирот ќе биде пострашен од војната“.

Талибанците во армиски „Хамер“, август 2021 (фото извор: Wikimedia)

Талибанецот кој го рекол ова, паштунски сунит, кому синот му погинал во војната (!), не стоел на некакви одмазднички позиции, туку едноставно стравувал за сопствената позиција, како веројатен дел од идната власт, која ќе наследи многу обременети позиции на стартот, практично несовладливи за владетелот со нормален диоптер.

ВОЕНО-БЕЗБЕДНОСНИ И ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ

Едниот предизвик е воено – безбедносниот, кој е акцентиран со сето она што се случува околу аеродромот во Кабул. За вториот аспект – економско – социјалниот, сè уште не се говори, но тој е секако надвиснат над граѓаните на оваа намачена земја, да не се рече непремостлив за совладување и кој засега се аспектира во светот пред сè како причина за избувнување на масивна хуманитарна катастрофа.

Претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Авганистан, Каролина ван Бурен, изјави дека помеѓу 20 и 30 илјади луѓе илегално го напуштаат Авганистан секоја недела, а повеќето од нив преминуваат во Иран, пренесува Агенција Анадолија.

Талибанците им забрануваат на жените да тргуваат со мажи (фото извор: Public Domain Pixabay)

Авганистан, дом на околу 40 милиони луѓе, според некои меѓународни организации ќе биде тригер на масовен егзодус. Во оваа земја веќе неколку децении има огромен број внатрешно раселени лица. Пред да полетаат кон дома, странските новинари на пазарите во Кабул веќе регистрираа и огромен скок на цените на храната, манифестација на огромниот дисбаланс меѓу производството и побарувачката.

Просто, локалната економија не може да го поднесе отсуството на огромниот влез на девизи што сега просто ќе отпадне – фондовите што ги потпираат талибанците сметаат дека „си ја завршиле работата“, а оние на другата страна веќе ја започнаа политиката (и сè што доаѓа со тоа) на изолација на Авганистан, што ја затвора чешмата на огромниот девизен прилив од нивните фондови.

Девизните резерви на Авганистан, на пример, станаа недостапни за сега веќе емиратот во Кабул. Американците замрзнаа околу 9,5 милијарди долари што авганистанската централна банка ги чуваше на сметките во Соединетите држави. ММФ и Светската банка ги прекинаа плаќањата, Германија ја суспендираше помошта за развој; другите држави и финансиски институции ќе прибегнат кон истите мерки, доколку веќе не го направиле тоа. Изолацијата е општа, ако се изземат грст држави.

Кабул, 17 август 2021, Талибанци (фото извор: Wikimedia)

Русија а особено Кина покажуваат одлепување од матицата на држави кои нема да го признаат Емиратот Авганистан, но секако немаат засега намера економски да ја помагаат новата власт.

ОД КАДЕ ДОАЃАА(Т) ПАРИТЕ?

Истражување на ЦИА од 2008 година тврди дека од странски донатори талибанците добивале 106 милиони долари. Според Обединетите нации и нивно истражување од далечната 2011 година, талибанците имале годишни приходи од 400 милиони долари годишно.  Би-би-си тврди дека во 2018 година тие приходи биле 1,8 милијарди долари, што укажува дека талибанците располагале со софистициран систем на финансиско поврзување со светот, ама и со своја даночна моќ врз локалното население (рекет, ами како), која им обезбедувала пари.

Постои сомнеж дека сепак најголем дел од парите доаѓал од поединечни донатори од Пакистан, Саудиска Арабија и Катар. Може да се рече дека тоа се пари наменети за војување на талибанците и прашање е дали тие нема сега да секнат – за тие спонзори целта е остварена!

АВГАНИСТАН, НАЈГОЛЕМ ИЗВОЗНИК НА ОПИЈАТИ

Авганистан се смета за најголем извозник на опијати од кои се добива хероин, кој носел од 1,5 милијарди долари (некогаш) до цели три милијарди долари сега! Преклани, според Обединетите нации, во овој бизнис со хероинот биле вклучени 120 илјади лица. Генералот Џон Николсон во 2018 г., во извештајот до Специјалниот инспекторат за следење на обновата на Авганистан (Сигар) истакнал дека талибанците добиваат 60 отсто од сите приходи од хероинот. Талибанците официјално негираат дека примаат пари по овој основ, тврдејќи дека тие во 2000 година забраниле производство на било каков опиум!

Но, талибанците не кријат дека онаму каде ги контролирале патиштата и населените места тие вршеле трансфер на парите, добиени од западни извори, наменети за обнова на авганистанската економија. Пред сè, од рекетирање на градежниците и камионџиите. По авганистански извори од енергетските компании тие наплатувале данок од потрошувачка на струја по домаќинства и фирми – ќе погледнат во броилото и точно знаат кој потрошувач колку користел струја која се разбира не е нивна. Ама – домаќинот им должи.

Но, да се вратиме на сегашноста. Што ќе се случи со жителите на разрушена економија, на земја која е навикната на прилив на пари однадвор и кои влегуваат во оптек…?

Талибанец покрај заробен армиски хеликоптер „Блек Хок“ (фото извор: Wikimedia)

Според неодамнешна анализа на Радио Слободна Европа, во мигот е неопходна хуманитарна помош за 18 милиони лица, што е речиси половина од населението! Овој извор се повикува на проценки на ОН, во кои се тврди дека половина од децата под 5 години се потхранети. И заради војната, но и заради големата суша во земјата во последните 4 години, што сериозно ги намали приносите во земјоделието.

Евакуација од аеродромот во Кабул, август 2021 (фото извор: Wikimedia)

Во непосредното минато, многу внесени пари од западни извори до легалната власт исто така, на коруптивен начин се „извезувани“. Познат е инцидентот со фаќањето на потпретседателот на Авганистан Ахмед Зија Масуд на аеродромот во Дубаи во декември 2010 г., каде контролата го фатила со 52 милиони долари во кеш. По кус претрес, тој добил дозвола да си замине со парите! По тој повод, американскиот амбасадор во Кабул, Карл Елкенбери признава дека една година само преку банкарскиот систем нелегално се одлеале 600 милиони долари а дека потоа сумата на илегалниот износ се симнувала на 200 милиони долари годишно!

РИЗИК ОД МАСОВНА ГЛАД

Ситуацијата во мигот е крајно разочарувачка. Постои ризик од масовна глад, како и од ширење на заразата од короната, па и заради сите оние турканици на аеродромот за бегство од земјата. Имаше обид да се направи некаков „дил“ – талибанците да не ги спречуваат оние што треба да заминат во замена за хуманитарна помош, но се виде дека талибанците не го дозволија тоа. Преговорите се водеа на самиот аеродром, но другата страна остана измамничка како претходно, уште од времето на преговорите со администрацијата на Трамп.

Директорката на Светската програма за храна во Авганистан, Мери Елен Мекграрти, веќе изјави за Агенцијата Анадолија дека како Обединети нации имале разговори со талибанците за тоа како ќе функционира аеродромот по евакуацијата на САД. Како што може да се види од ситуацијата на теренот, нема никаква гаранција дека е можна испорака на хуманитарни пакети. Впрочем, резервите на помош во храна за Авганистан се исцрпуваат. Би траеле само до крајот на овој септември.

Би требало од некаде да дојдат нови пари во вредност од најмалку 200 милиони долари, тврди координаторот во оваа програма Рамиз Алакбаров, јави Агенција Анадолија пред неколку дена.

Впрочем, најголемиот безбедносен тег на Авганистан врз терезијата на светската мировна состојба се самите разно разни воени структури кај талибанците. Тие се навикнати на живот со насилство, ограбување и корупција. Во нивните редови ќе растат сепаратните амбиции, што е посебна приказна. Само да го споменеме ова- каде би завршила, хипотетички, помошта во брашно за оваа земја? Кој би го месел и јадел лебот од брашното?

 


Сите права се задржани. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ