• Latest

Лабораторијата за животна средина добива уред за мерење на загадување на воздухот од стационарни извори

September 13, 2021

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Лабораторијата за животна средина добива уред за мерење на загадување на воздухот од стационарни извори

September 13, 2021 11:27
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за животна средина и просторно планирање склучи договор со две компании од Скопје за набавка на мерни инструменти за Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух (ДАМСКАВ) и за Централната лабораторија за животна средина која набавува преносен анализатор за мерење на концентрација на емисии на гасови од стационарни извори на загадување. Новиот уред на лабораторијата, според информациите од јавната набавка, ќе мери присуство на азотни оксиди, сулфур диоксид, јаглероден моноксид и диоксид и кислород во отпадните гасови од стационирани извори, пренесува МЕТА.

Вредноста на набавката е 6,7 милиони денари, а компаниите ќе треба да ги достават инструментите во рок од шест месеци. Во овој временски период, новите инструменти ќе бидат инсталирани и тестирани во повеќе мерни станици каде што има потреба. Нови инструменти ќе добијат станиците за мониторирање на квалитетот на воздухот во Велес, Миладиновци, Кочани и Струмица. Во истиот период ќе треба да се монтира и преносниот уред во Централната лабораторија.

Со оваа набавка Министерството го започна процесот на сертификација на Централната лабораторија за мерења на емисии во воздухот. Оваа институција има сертификат за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија и минатата година го заврши процесот на акредитација за шест методи за квалитет на вода и една методa за бучава.

Од министерството пред два месеци најавија и дека лабораторијата ќе се сертифицира за повеќе од една метода за мерење на загадувањето на воздухот. Оваа можност за државната лабораторија е едно од најчесто повторуваните барања на еколошките организации, кои долго време апелираат дека борбата со загадениот воздух во повеќе градови низ земјава е можна само со редовна контрола на емисиите.

Екологистите бараа да се забрза процесот на акредитација на Централната лабораторија за мерења на квалитетот на воздухот, за да се помогне во работењето на Државниот инспекторат за животна средина во документирањето на случаите на аерозагадување.

Лабораторијата, иако постои повеќе од четири децении, не е целосно во функција на работата на Инспекторатот, од причина што нејзините мерења на разни параметри на загадувањето не можат да се сметаат за цврст доказ, посебно во судските постапки против загадувачите.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ