• Latest

Нуредини: Со црногорскиот министер Митровиќ разменивме искуства за заштита на животната средина

September 13, 2021

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основни вредности“

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нуредини: Со црногорскиот министер Митровиќ разменивме искуства за заштита на животната средина

September 13, 2021 16:43
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска е домаќин на висока делегација од Министерство за животна средина, просторно планирање и урбанизам на Република Црна Гора предводена од министерот Ратко Митровиќ.

На официјалната средба министерот Нуредини изрази задоволство што, иако досега не е остварена поголема соработка со Црна Гора на полето животната средина, средбата ќе овозможи размена на искуства и стекнување знаења за најдобрите практики во областа меѓу министерствата и ќе отвори можности за проектирање на заеднички проекти.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на средба со висока делегација од Министерство за животна средина, просторно планирање и урбанизам на Република Црна Гора предводена од министерот Ратко Митровиќ.

Се разговараше на повеќе теми од областа животна средина. Се разменија искуства и примери за добра пракса во областа на управување со отпад, со посебен акцент на управување со цврст отпад и отпадни води, се дискутираше за управување со национални паркови и заштитени подрачја, а се отвори и прашањето за предизвици во поглед на финансирање на инфраструктурни проекти во областа на животната средина. Како особено добар пример беше спомнат државниот мониторинг систем и достигнувањата во известувањето кон Европската агенција за животна средина.

Во излагањето, министерот Нуредини посебно се осврна на просторното планирање, при што информираше дека во тек е изработка на нов Просторен План на Република Северна Македонија, како многу важен стратешки плански документ и посочи дека во тој дел би биле корисни искуствата од црногорските колеги во водењето и спроведувањето на политиките и следењето на процесите за обликување на просторот, а особено во решавање на споровите околу легализирање на градби во сега веќе заштитени подрачја.

Како посебно важно од организациски аспект, се спомена потребата од постоење на Агенција за животна средина со што министерствата се растеретуваат од локалните проблеми и оперативните активности, заштитата на одредени видови растенија и животни и сл. Нуредини ги сподели очекувањата дека таква агенција во најскоро време ќе се формира и во нашата држава.

Нуредини и Митровиќ се согласија дека двете министерства се соочуваат со недоволните капацитети на административниот кадар во општините за справување со поголеми проекти од областа на заштита на водата, воздухот и отпадот.

Се разговараше и за евроинтегративните процеси при што министерот Нуредини истакна дека во тек е процесот на усогласување на националното законодавство со правото на Европската Унија во областа животна средина и изрази подготвеност за меѓусебно споделување искуства во однос на предизвиците и споделување на најдобрите практики и активности за влез во ЕУ.

Министерот Митровиќ се согласи дека денешната посета претставува добар почеток за соработка меѓу двете министерства и ќе придонесе пво одобрување и усовршување на функционирањето на двете институции.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ