Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, се наближува кон крајот. Заклучно со 20 часот вчера, попишани се вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.
Денеска е 20-тиот ден од пописот и до крајот остануваат уште шест дена пописни активности. Попишувачите со максимален интензитет ги посетуваат домаќинствата за никој да не биде изоставен и непопишан.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември