• Latest

Градоначалниците потпишаа Kодекс за фер и демократски избори, владина реформа презентирана како партиска, пријава за градоначалникот на Петровец

September 24, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Градоначалниците потпишаа Kодекс за фер и демократски избори, владина реформа презентирана како партиска, пријава за градоначалникот на Петровец

September 24, 2021 16:56
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

По претставниците од политичките партии, денеска и самите кандидати за градоначалници потпишаа Kодекс за демократски и фер избори.

На денешното потпишување на Кодексот за фер избори што се одржа во просториите на Град Скопје се случи инцидент по обраќањето пред новинарите на независната кандидатка за градоначалник, подржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Имено, откако новинарот Саше Ивановски – Политико ѝ постави прашања за нејзиниот политички и општествен ангажман, кандидатката Арсовска ја напушти говорницата и ја прекина прес-конференцијата. Притоа, новинарот Ивановски се обиде да добие одговор на своите прашања, но беше грубо истуркан од телохранителите на Арсовска.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека го осудуваат нападот врз Данела Арсовска од страна на Саше Ивановски – Политико, кој го сметаат како резултат на нервозата на Петре Шилегов пред избори.

ПРИЈАВИ И ПОЛИТИЧКИ ОБВИНУВАЊА

Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец. Меѓу пријавените е и актуелниот градоначалник и кандидат Борче Митевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници не можат да понудат ништо освен деструкција и враќање на режимот.

„Впрочем најголем дел од нив се луѓе на Никола Груевски, луѓе кои се обвинети за кривични дела кои Мицкоски лажно ги претставува како чесни и нови лица. Меѓу нив е и актуелниот градоначалник и кандидат на Мицкоски за општина Петровец, против кого денеска е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и за перење пари.

Но ова не е единствен пример за криминално однесување на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за градоначалници.

Во медиумите се појавија написи за сомнителното минато на кандидатот за градоначалник во Гази Баба, Бобан Стефковски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не одговорија дали е точно дека Стефковски, во 2002 и 2003 во два наврати бил притворан поради неовластено производство на опојни дроги

Истовремено, во јавноста постојат документи дека кандидатката на општина Крушево, Билјана Проеска, е осудувана во 2015 година на условна казна затвор поради фалсификување исправа.

Пресуда со условна казна има и кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски за учество во тепачка. Ете ја понудата на Мицкоски за овие избори“, велат од СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоки, смета дека ако власта има сериозна намера и ако вистински сака, анкетна комисија во Собранито може и треба да се свика веднаш.

Тој е подготвен, како што рече денеска, да поднесе ново барање, со употреба на придавката „Северна“, а поради тоа, ако треба, и да претрпи политичка штета, само за да се дознае и утврди вистината за несреќата во Тетово. Вистината мора да се знае, потенцира Мицкоски, и виновниците мора да се казнат.

Мицкоски уште еднаш обвини дека власта го смени Законот за градба и дозволи модуларната болница во Тетово да се постави „на диво“. Не се потребни меѓународни истраги, оцени, ниту да доаѓаат комисии од „ваму или од таму“, зашто работата е едноставна. Постапката е управна, рече, а процедурата промашена.

ВЛАДИНИ РЕФОРМИ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО ПАРТИСКИ

Демократската Унија за Интеграција ќе продолжи силно да се посвети на унапредување на децентрализацијата на власта од централно на локално ниво, особено во однос на децентрализацијата и фискалната консолидација, изјави Фатмир Бесими на прес-конференција на ДУИ.

„Делот на распределбата на ДДВ за општините се зголемува од 4,5% на 6%, истотака се зголемува и учеството на распределбата на персоналниот данок од 3% на 6% за општините. Ќе се формира Фонд на перформанси, каде општините што успешно управуваат со буџетот ќе бидат наградени. Се формира Фонд на еднаквоста, каде општините кои се помалку развиени и коишто имаат помалку ресурси, ќе добијат повеќе средства“, истакна Бесими.

Всушност ова што денес го презентираше Бесими во име на ДУИ, пред два дена исто така го презентираше во име на Владата како министер за финансии, дека Владата ги прифати предложените измени и дополнувања на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ