Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пристигна во посета на Република Северна Македонија.
По пристигнувањето во Скопје, Вархеји оствари средба со Премиерот Зоран Заев, објави премиерот на Твитер.

„Отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде што ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за С Македонија и за ЕУ, и посветени сме на тој процес“,напиша премиерот на „Твитер“.
Вархеји минатата недела беше во Бугарија, каде што разговараше за надминување на блокадата за отпочнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Вархеји во Северна Македонија доаѓа по вчерашната посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.












