Во тек е новото, четврто издание на Изборен рапорт, кое се емитува секој ден со најновите наоди на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.
„Изборен рапорт“ се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ, со можност за медиумите да испратат екипа да постават прашања. Денешните информации се во областа на политичка злоупотреба на децата, дискриминација на лица со посебни потреби, организирање на мониторингот на ЦИВИЛ и оценка на изборната кампања.
Тимот на ЦИВИЛ е на располагање за изјави во текот на целиот ден.












