• Latest

Симулација на користењето на уредот за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток од прст

October 7, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Симулација на користењето на уредот за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток од прст

Со цел информирање на сите заинтересирани околу тоа како ќе тече изборниот процес со користење на уредите за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток од прст, кои првпат ќе се применуваат на претстојните Локални избори, Државната изборна комисија денеска организира симулација на постапката на гласање и презентација на уредите.

October 7, 2021 10:41
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел информирање на сите заинтересирани околу тоа како ќе тече изборниот процес со користење на уредите за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток од прст, кои првпат ќе се применуваат на претстојните Локални избори, Државната изборна комисија денеска организира симулација на постапката на гласање и презентација на уредите.

Симулацијата ќе ги опфати и сите други постапки при процесот на гласање, со примена на мерките за заштита од ширење на Ковид 19.

Уредите за биометриска идентификација на гласачите функционираат на тој начин што ги паметат сите податоци од избирачкото место, почнувајќи од тоа кој ракувал со него, колку гласачи се верификувани со отпечаток од прст, колку пати имало обиди за идентификација на еден гласач.

Според упатството, она што гласачите на избирачкото место треба да го направат е својот десен показалец да го стават на читачот на уредот за биометриска идентификација, по што уредот доколку гласачот претходно нема гласано и доколку е запишан во изводот од Избирачкиот список за тоа избирачко место, ќе ги прикаже податоците од тој гласач на екранот по што нему ќе му биде дозволено да гласа.

Доколку уредот за биометриска идентификација не може да најде совпаѓање на отпечатокот од прстот на гласачот, во тој случај покажува жолт сигнал дека не е пронајдено совпаѓање или дека евентуално печатокот е со лош квалитет, во тој случај може избирачкиот одбор да пристапи кон идентификација на гласачот со скенирање на личниот документ. Ако веќе бил обележан дека гласал системот ги прикажува со црвено и сигнализира со аларм така што нема да му биде дозволено да гласа.

Личниот идентитет гласачот го докажува со важечки лична карта или патна исправа односно лична карта чија важност истекла во периодот од распишувањето на изборите до денот на нивното одржување и патна исправа чиј рок на важење е истечен односно истекува по 31 јули 2020 чија важност се продолжува до 31 декември 2021 година и отпечаток од прсти.

За потребите на 3480 избирачки одбори, планирано е да бидат набавени 4000 терминали. До крајот на неделата во земјата треба да пристигнат сите терминали набавени од германската компанија „Дермалог“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ