• Latest

Зелен поимник: Што е екосистем?

October 11, 2021

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен поимник: Што е екосистем?

Екосистемите претставуваат највисоко ниво на организација на животот во природата на нашата планета. Тие функционираат според многу сложени еколошки закони и принципи.

October 11, 2021 09:38
in ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Природата е извор на животот. Нашата благосостојба е во директна зависност и поврзаност со благодатите кои ги добиваме од неа. Здравата и чиста природа ни овозможува основни услови за безбеден живот и материјални придобивки, но  и нематеријални придобивки во вид на уметничка инспирација, културен и духовен раст и развој.

Животната заедница во природата мора да зазема некаков простор, во кој членовите на таа заедница на организиран начин ги задоволуваат своите животни  потреби: движење, исхрана, наоѓање на засолништа и заштита…Највисокото ниво на организација на животот во природата на нашата планета, претставуваат екосистемите. Тие функционираат според многу сложени еколошки закони и принципи.

Екосистемите се основни функционални единици во екологијата, кои ги вклучуваат организмите (животната заедница) и животниот простор (абиотичкото опкружување).

Со други зборови, екосистемите претставуваат збир на различни живи организми (биоценоза)  и неживи компоненти (биотоп) на животната средина, кои се тесно поврзани со протокот на материјата и енергијата. Секоја од компонентите влијае врз карактеристиките на другата. Двете компоненти се подеднакво значајни за одржување на животот на Земјата.

Самиот поим „екосистем“ е осмислен од британскиот еколог сер Артур Џорџ Тенсли, во 1935 година, кој ги опишал природните системи како ентитети кои се наоѓаат во постојана размена, помеѓу нивните живи и неживи елементи.

Единството на екосистемите почива на меѓусебното влијание на живите суштества и неживата околина: земјиште, вода,воздух, температура, влажност. Екосистемите се доста сложени и динамични системи. Секоја промена на било која од нивните компоненти  се одразува на системот во целост.

Во секој екосистем, постојат три типа на односи помеѓу неговите компоненти:

  • Акции – кои ги претставуваат ефектите на биотопите (нежива природа) врз живите суштества што ја населуваат
  • Реакции – ефектите на живите суштества врз биотопот(живите суштества се прилагодуваат на промените во условите во биотопот и во исто време ја менуваат животната средина)
  • Коакции – меѓусебни влијанија помеѓу самите организми (ним им припаѓаат сите односи на исхрана во биоценозата и цела низа на конкурентни односи – за простор, за храна).

Биоценозата и биотопот заедно претставуваат еколошки систем во кој енергијата тече, а материјата циркулира помеѓу двете компоненти на системот и во секоја од нив.

Органската продуктивност на екосистемите ја претставува вкупната количина на формирана органска материја, која сите организми, на различни трофични нивоа (во синџирот  на исхраната),  ја произведуваат во одреден временски период по единица површина или волумен.

Таа се состои од:

  • Примарна продуктивност – вкупната количина на органска материја произведена од производителите
  • Секундарна продуктивност – вкупната количина на органска материја произведена од потрошувачите.

Со менувањето и уништување на природните живеалишта, се намалува биодиверзитетот (биолошка разновидност на живи видови), се прекинуваат синџирите на исхрана, а со тоа и трансферот на енергија и супстанции во екосистемот.

За да се заштитат ретките и загрозени органски видови, основен услов е заштита на нивните природни живеалишта. За таа цел, потребно е да се спроведе евидентирање на загрозените видови, нивна заштита со закон,  прогласување на живеалиштата на заштитените видови како строги, природни резервати, каде што човечката активност е минимална и формирање на национални паркови како најсеопфатен вид на заштита.

објавено на: greencivil.mk

—

 

Линкови:

https://www.slideshare.net/DraenkaVujakovi/ss-41620091

https://velikirecnik.com/2017/01/30/ekosistem/

https://www.bionet-skola.com/w/Ekosistem

https://www.slideshare.net/Eva983/ekosistem-53896062

https://bs.wikipedia.org/wiki/Ekosistem

https://www.shtreber.com/ekosistem-osnovni-procesi-odnosi-ishrane

http://ekoblog.info/sta-znate-o-ekosistemima/

https://ekospark.com/info/06_biodiverzitet/ekosistem/ekosistem.html

https://www.ucg.ac.me/skladiste/blog_1831/objava_74888/fajlovi/9,%20EKOLOGIJA.pdf

 

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ