• Latest

Дигитален самит на економиите на Западен Балкан – Подгорица 2021

October 11, 2021

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Дигитален самит на економиите на Западен Балкан – Подгорица 2021

October 11, 2021 09:53
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Дигитална економија, дигитални вештини и знаења, дигитална инфраструктура и поврзаност и доверливост и безбедност се четирите главни теми за кои ќе се зборува на Дигиталниот самит на Западен Балкан, што од денеска до 13 октомври се одржува во Подгорица, како дел од Берлинскиот процес и Агендата за заеднички регионален пазар за Западен Балкан.

Над 90 говорници, меѓу кои претставници на владите од регионот, Европската комисија, Советот за регионална соработка, бизнис заедницата, дигитални експерти и носители на промени од граѓанскиот сектор ќе зборуваат за дигиталната трансформација на регионот и ќе разменат добри пракси и достигнувања за конкретната примена на дигиталните алатки за создавање подобро општество за сите – од дигитални јавни услуги и е-влада достапни преку смартфоните на граѓаните, дигитализацијата на јавното здравство, дигитална инфраструктура за поголема мобилност, па се до безбедносни сертификати, онлајн идентификација и кибер безбедност.

Домаќин на овогодинешниот Дигитален самит на Западен Балкан е Владата на Црна Гора, поддржан од Регионалниот совет за соработка. Првиот Дигитален сами на ЗБ се одржа во Скопје (2018), вториот во Белград (2019) и последниот во Тирана (2020).

Самитот се одржува во хибриден формат. На отворањето, виртуелно ќе се обратат генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, генералниот директор на Генералниот директорат за комуникација, мрежи, содржини и технологија при ЕК Роберто Виола, регионалниот директор за Европа на СЗО Ханс Клуге, државната секретарка при Федералното министерство за економски работи и енергија на Германија Клаудиа Дор-вос и министерката за јавна администрација, дигитално општество и медиуми на Црна Гора, Тамара Срзентиќ.

На вториот ден е планирана специјална сесија на која ќе бидат претставени победничките дигитални решенија од Балкатон 2.0 – регионален натпревар организиран од Регионалниот совет за соработка наменет за младите иноватори, старт-апи и мали и средни претприемачи од регионот на Западен Балкан.

На последниот ден е предвиден состанок на високо ниво со претставници на сите шест економии од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина со Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.

Целта на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2021, како што е најавено, е размена на добри пракси од регионот, поттикнување развој и исполнување на дигиталната агенда, дефинирање на идните правци и истражување на можните партнерства со приватниот сектор во контекст на процесот на дигиталната трансормација.

Важноста на Дигиталниот самит на Западен Балкан е потврдена и со четриригодишниот акциски план 2021-2024 за заеднички регионален пазар – Common Regional Market, усвоен на Самитот во Софија 2020 година, кој што предвидува спедифични мерки класифицирани во четири столба – трговија, инвестиции, дигитализација и индустрија и иновативност.

Една од највидливите придобивки, што е резултат на претходните Дититални самити на Западен Балкан, е намалувањето на цените на роаминг во регионот, што стапи на сила од 1 јули годинава. Следен чекор, е пониски цени на роаминг меѓу Западен Балкан и Европската Унија и широкопојасен интернет за 95 отсто од домаќинствата до 2024 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ