• Latest
Добро утро со Орданоски

Во недела историјата, сепак, ќе ни чукне на врата

October 14, 2021

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во недела историјата, сепак, ќе ни чукне на врата

По неделните локални избори ќе видиме дали политичките околности во Македонија ќе тргнат кон поголема стабилност или кон растечка политичка неизвесност. За тој правец да биде што поуверливо утврден, важно е што повеќе гласачи во Македонија, во беспрекорно демократско гласање, изборно да ја искажат својата волја

October 14, 2021 06:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Веста што вчера пристигна од Софија е фрапантна по многу нешта: тамошната изборна комисија утврдила дури 24 валидни кандидати за претседателските избори во Бугарија, за уште еден дополнително ќе одлучува дали ќе се најде на изборните листи, а на два-тројца им ги одбила кандидатурите поради неисполнување на предвидените услови што требало да ги исполнат за претседателската трка предвидена за 14 ноември годинава.

Не сум слушнал – можеби има – за друг пример во Европа, па и во светот, за олкав број официјални кандидатури во трка за претседателски мандат, како ова сега во Бугарија. Во нормални услови, претседателската функција и кај нашиот источен сосед е, главно, церемонијална, со вообичаено нешто поголеми ингеренции во дипломатијата и одбраната. И таму претседателот не решава за ништо битно во економијата и многу малку за што било друго важно од бугарското секојдневие. А, сепак, триесетина шаренолики партиско-политички формации нудат свои кандидати во претседателската трка.

Во што е проблемот, ако го има?

Голем број на кандидатури во изборни натпревари – на пример, за градоначалничката функција во Скопје во недела ќе се натпреваруваат дури 12 партиски и независни кандидати – може да биде добар знак за состојбите со демократијата во една земја, бидејќи доколку луѓето не би верувале дека имаат некаква шанса во демократската трка, веројатно повеќето не би ни влегувале со своја кандидатура.

Од друга страна, кандидатската супер-инфлација несомнено говори и за одредена криза во политичкиот амбиент, за нестабилност, непредвидливост, а секако и конфронтираност и какофонија околу тоа кој за што се залага во своите изборни платформи.

Второво е описот на бугарската политичка состојба пар години наназад. Бугарското општество не е на крстосница, туку се врти на голем кружен политички тек од кој не може да го „погоди“ излезот ни со неколку вонредни парламентарни избори годинава. Со олку претседателски кандидати, така ќе биде и со изборот на следниот бугарски претседател: кој и да победи на тие избори, ќе претставува мал дел од гласачите, а ќе треба да придонесе во консолидацијата на парам-парчињата на кои е распадната бугарската политичка и општествена сцена. Речиси невозможна мисија, на краток рок.

Зошто е тоа важно за нас? Погаѓате…

Нема особени причини да не веруваме дека сите 24-25 пријавени бугарски претседателски кандидати веројатно се согласуваат во една единствена работа: Македонците не постојат, немаат нација, немаат свој јазик и не треба да се пуштат во ЕУ додека не ја сменат „историјата“ и однесувањето коешто го тврди спротивното. Оваа генерализација е упростена, но нијансите во ставовите, и да ги има, се само варијации на истата тема. Тоа значи дека и новиот бугарски претседател ќе нема политички капацитет, ниту позначајна поддршка, за учество во изнаоѓањето компромисно преоѓање на „Рубиконот“ на македонско-бугарските односи.

Победата, пак, на тамошните избори на некој од поизверзираните и политички поискусни кандидати може да ги олесни натамошните „тегавења“ меѓу Скопје, Софија и Брисел; ако ништо друго, постизборно, процесот нема да почне „од нула“, вклучувајќи ги и сите изречени и неизречени меѓународни притисоци кои до сега се правеа врз Бугарите да го „рационализираат“ својот став во однос на започнувањето на преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија.

Евентуалната победа на некој од „случајните“ претседателски кандидати, некој аутсајдер качен на бранот на општото бугарско незадоволство од тамошната политика, ќе претставува значителна регресија во „фонот“ што го создава и личноста на бугарскиот претседател за прашањата што ќе треба да ги решава тамошното ново парламентарно, односно владино мнозинство.

Конечно, и оваа рекордна бројка на претседателски кандидати го најавува продолжувањето на парламентарниот – груб е, но нема поточна квалификација – постизборен хаос што ќе следува во Бугарија и по следните вонредни парламентарни избори: седиментот на бугарската политика нема да стане поцврст, за врз него да може посигурно да се „згазне“ во изнаоѓањето решение за евро-интегративната политика на Западниот Балкан. Ако успеат, ќе направат нова компликувана мнозинска влада во која секој ќе има бројни партикуларни интереси за задоволување, а мали се изгледите дека балансот во таа нестабилност ќе се постигне баш за компромис околу „македонското прашање“.

Веќе од понеделник ќе ги знаеме и резултатите на македонските локални избори. Тие, сакале или не, несомнено ќе влијаат врз стабилноста и позициите на сегашнава наша Влада по сите прашања, па и по она за нашите европски перспективи. Впрочем, во самите предизборни кампањи и оваа „нелокална“ тема беше екстензивно третирана на инсистирање и на самите партиски лидери.

Според тоа, ќе видиме дали политичките околности во Македонија ќе тргнат кон поголема стабилност или кон растечка политичка неизвесност. За тој правец да биде што поуверливо утврден, важно е што повеќе гласачи во Македонија, во беспрекорно демократско гласање, изборно да ја искажат својата волја. Тоа е важниот историски аспект на овие локални избори – за да можеме, потоа, да решаваме други „истории“ со нашите бесценети источни соседи.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ