• Latest

Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците се одвива без проблеми

October 30, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците се одвива без проблеми

October 30, 2021 14:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција, портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска информира дека гласањето на вториот круг од Локалните избори на болните и немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците и лицата во страските домови минува непречено и без проблеми. На еден ден пред вториот круг од локланите избори односно денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно 7 645 гласачи.

Сите гласачки места во 14 Казнено – поправни установи, каде своето право на глас можат да го остварат 1.409 гласачи се отворени во 7 часот и таму гласањето ќе трае до 19 часот. До пладне, како што кажа Гугучевска, таму гласањето било без проблеми.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа дека, како и во првиот круг, така и денеска, во вториот круг од гласањето на локалните избори, од Избирачкиот список недостасуваат дел од лицата што се во притвор.

Во домашни услови денеска гласаат и 5.588 Болни и немоќни лица или лица во куќен притвор, чии пријави биле прифатени од општинските изборни комисии, како и 376 лица со Ковид-19 или во изолација.

Во установите за вонсемејно згрижување своето право на глас можат да го остварат вкупно 266 гласачи, а право на глас имаат и шест внатрешно раселени лица.

Државната изборна комисија (ДИК) за набљудување на вториот круг од Локалните избори акредитираше 1.598 набљудувачи, од кои 1.220 домашни и 368 странски, како и 10 странски новинари.

Гугучевска информираше дека со цел надминување на проблемите што се појавија со ракувањето со терминалите за биометриска идентификација на гласачите одржан е уште еден циклус на едукација со претседателите и замениците претседатели на избирачките одбори, а посочи дека исто така на ДИК на располагање и се 400 технички лица кои би помогнале за надминување на евентуални проблеми при гласањето.

Таа повтори дел од препораките на ДИК усвоени на вчерашната седница за намалување на гужвите на избирачките места имајќи го искуството од првиот круг од гласањето.

За гласачите активен е бесплатниот телефонски број 0800 555 44 на кој сите заинтересирани граѓани можат да се јават или да остават коментар до ДИК заедно со своите податоци за контакт за да добијат одговор на поставеното прашање.

И оваа година во однос на комуникацијата со граѓаните со оштетен вид, слух и говор на денот на изборите, односно утре активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик. За сите граѓани на располагање се интеренет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб.

Право на глас на вториот круг на овие локални избори со изводите во кои се запишани и двете избирачки места на кои се повторува гласањето од првиот круг во Дебар и во Шуто Оризарисе запишани се 1 353 990 гласачи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ