Во неколку избирачки места имало прекини на гласањето подолги од еден час,поради немањето сигнал на уредите за читање на отпечаток од прст при ставањето на мемориската картичка, но проблемите се надминати, изјави Даштевски.
„Прекини подолги од еден час утрово имало на избирачкото место 2867/1, на 2831 и 2815 во Скопје, потоа во Сарај на избирачките места 2433, 2435 и 2438, на избирачкото место 2652 во Карпош, во Чешиново-Облешево на избирачкото место 0887 и во Зелениково на избирачкото место број 2373, каде прекинот траел повеќе од три часа.
„Причините за прекините во Центар и Сарај се банални, немање на сигнал кога се ставала мемориската картичка. изјави Даштевски и ги повика оние гласачи кои се вратиле дома да излезат на гласање, затоа што проблемите се надминати” .
Најголема излезноста има во Ранковце, 38,2 проценти, Вевчани – 31,24, Демир Капија – 30,14 отсто, Пехчево – 28,44 проценти, Конче – 26,74, Демир Хисар -25,19, Кратово – 25,12, Пробиштип – 24,75, Лозово – 23,51, Чашка – 22,73, Зелениково – 21,55, Македонска Каменица – 20,81, Росоман – 20,14, Гевгелија – 19,78, Битола – 19,56 oтсто .
Најмала е излезност во Сарај со 5,19 проценти и во Боговиње со 6,8 проценти.












