Излезноста на гласачите на вториот круг од Локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269 674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопштуваат од ДИК.
Во Вевчани на гласање излегле 52,46 отсто, Ранковце – 47,76, Демир Капија -44, 41, Конче – 42,65, Пехчево -42,18, Демир Хисар – 39,68 отсто… Досега, како што рече Даштевски, мала излезност има во Сарај – 9,74 отсто, Теарце – 15,85 и Шуто Оризари -15,08 отсто.
Од ДИК оценуваат дека денеска е многу мирен избирачки ден, нема пријавено никави проблеми со уредите за биметриска идентификација на гласачите. Нема пријавено дека некој не е пронајден во Избирачкиот список и апелираше така да продолжи до крајот на денот.
Во текот на денешниот ден има 178 приговори, од кои 157 се прифатени, 12 се одбиени, а девет се за гласачи кои биле во избирачки списоци.












