• Latest

Првиот круг од локалните избори со рекордно најниска излезност досега, континуиран пад на излезноста на изминатите три циклуси

November 2, 2021

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Првиот круг од локалните избори со рекордно најниска излезност досега, континуиран пад на излезноста на изминатите три циклуси

November 2, 2021 14:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот круг Локалните избори 2021 имаат рекордно најниска излезност од 51,44 проценти, од сите гласања за избор на градоначалници и советници на општини од независноста досега, додека втора најниска излезност има  на вториот круг со 49,65 проценти.

Генерално излезноста на сите избори досега е помала во вториот, споредено со првиот круг, најголем пад има на изборите во 2009 година од 14 проценти, додека најмал на овие – само два проценти. За споредба, разликата на излезноста меѓу првиот и вториот на претходните локални избори во 2017 година е осум проценти.

Најголем одѕив во првиот круг имало на локалните во 2013 година – 67 проценти, по што следи намалување од седум проценти на 60 отсто на следните во 2017 година, за споредено со 2021 година да имаме намалување од девет проценти на 51 отсто.

Изминатите три локални избори е забележан континуиран пад на излезноста. Со средна вредност од 66 отсто излезност во 2013, на следните локални избори во 2017 година се бележи пад од десет проценти на 56 отсто, а на последните избори оваа година средната излезност од двата круга да падне на 50 отсто, што е пад од шест проценти во однос на претходните избори.

Ова беа седми локални избори од независноста на државата, но трети на кои се избираа градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

Право на глас имаа 1 824 864 гласачи, што е најмногу од сите локални избори досега и раст од 10 220 гласачи, во однос на изборите во 2017 година.

Први локални избори на 17 ноември 1996 година – излезност во прв круг – 60 отсто, во втор круг 51 проценти.

Втори локални избори на 10 септември 2000 година – излезност во прв круг – 59 отсто, во втор круг 53 проценти.

Трети локални избори на 13 март 2005 година – излезност во прв круг – 56,36 отсто, во втор круг – 53,66 проценти.

Четврти локални избори на 22 март 2009 година – излезност во прв круг – 57 отсто, во втор – 43 проценти.

Петти локални избори на 24 март 2013 година – излезност во прв круг – 67 отсто, во втор – 65 отсто

Шести локални избори на 15 октомври 2017 година – излезност во прв круг – 60 отсто, во втор круг – 52 проценти

Седми локални избори на 17 октомври 2021 година – излезноста во прв круг – 51 отсто, во втор круг – 49 проценти.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ