• Latest

Нема конкретни одговори зошто не се имплементирани сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР

November 5, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Нема конкретни одговори зошто не се имплементирани сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР

November 5, 2021 11:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Комисија во последниот Извештај за напредокот на Северна Македонија упати забелешки дека земјата не ги имплементирала сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Од оваа организација велат дека нивните препораки кои се повторуваат во секој извештај се оние кои не се прифаќаат. Но, надлежните не даваат конкретен одговор зошто не се сите препораки вклучени во новите измени на Изборниот законик, кои беа направени 12 дена пред почетокот на изборната кампања, пренесува Порталб.мк.

Порталб.мк ги пренесува интегрално препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои не беа имплементирани ниту на овие локални избори:

  • Изборниот законик треба да се ревидира сеопфатно со цел да се усогласи во рамки и со другите релевантни закони, да биде во согласност со целите на ОБСЕ, меѓународните обврски и добрите практики. Ревидирањето треба да се направи во јавна постапка, по сеопфатен и доволен консултативен процес пред следните избори за да се гарантира правна сигурност;
  • Со цел да се обезбеди сеопфатна регулаторна рамка, Изборниот законик треба да се ревидира за да се разјаснат и консолидираат деталните упатства за постапката за регистрација на гласачите. Барањата во Кодексот мора да одговараат на функционалноста на централниот регистар на население;
  • Треба да има граѓанско образование насочено кон ублажување на коруптивните активности во изборните кампањи со податоци од релевантните агенции;
  • Треба да се посвети внимание и на преиспитување на регулативата за избирачкото право дома, со цел да се зголеми излезноста;
  • Треба да се размисли за стандардизирање на потребниот број потписи за независни кандидати од најмногу еден процент од запишаните гласачи во согласност со добрите меѓународни практики. Дополнително, како што беше претходно препорачано, може да се размисли за обезбедување алтернативни методи за собирање потписи со цел да се намалат можностите за заплашување;
  • Политичките партии мора да ги почитуваат условите за родова квота утврдени во Изборниот законик.
  • Се препорачува властите да покажат поголема политичка волја за да обезбедат доволна поделба меѓу државата и партијата, како и да ги почитуваат правилата за родови квоти.
  • Се препорачува политичките партии и релевантните институции да преземат иницијативи за да се поттикне учеството на жените во изборниот процес и во донесувањето политички одлуки.

Од друга страна, иако ОБСЕ/ОДИХР и Европската Комисија јасно наведуваат дека препораките не се прифатени, властите во земјава инсистираат дека измените се направени со широка консултација, иако се знае дека тие беа усвоени само 12 дена пред почетокот на изборната кампања, без јавна дискусија и сеопфатна консултација.

Министерството за правда формираше работна група која со месеци дебатираше за измените во Изборниот законик. На неа присуствуваа сите парламентарни партии со повеќе претставници. Тие детално се договорија и разговараа за измените во Изборниот законик, поточно како да се гласа на локалните избори.

„На средбата неколку пати биле повикани и претставници на помалите етнички заедници. За измените, меѓу кои беше и спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, пратениците на „Левица“ ги блокираа нив со сосема непотребни и популистички амандмани. За да не се излезе на избори без спроведените препораки на ОБСЕ/ОДИХР“, рекоа од Министерството за правда, како одговор на Порталб.мк без да дадат конкретен одговор на прашањето зошто препораките на ОБСЕ/ОДИХР не се вклучени во овие измени, притоа нагласувајќи дека работните групи ќе продолжат.

И премиерот, кој не ја доставил својата оставка до Собранието, Зоран Заев даде речиси идентичен одговор на прашањето на Порталб.мк зошто измените на Изборниот законик беа усвоени без опсежни консултации, како што е наведено во извештајот на ЕК.

„Сите усвоени амандмани се во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, некои од препораките не можеше да бидат вклучени. Министерството за правда формираше работна група, се разговараше повеќе од една година. Предлог-законот беше изгласан со 78 гласа за, 2 против и 1 воздржан каде имаше само 1 против од пратениците на помалите етнички заедници и беше усогласен со сите. Знаеме дека пратениците на „Левица“ со амандмани интервенираа сосема непотребно и за популизам ги блокираа промените кои претходно беа усогласени со сите. На крајот се најде конечно решение“, рече Заев.

За околу два месеци ќе биде објавен и последниот конечен извештај на ОБСЕ/ОДИХР со препораки за подобрување на изборниот процес.

Работните групи за натамошни измени во Изборниот законик, според најавите на надлежните, ќе продолжат и во наредниот период. Сепак, засега не се знае кога тоа може да се случи, со оглед на ситуацијата создадена во земјава со најавата за оставка на премиерот, при што уште не е сигурно дали земјава ќе има нова влада, или ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Во меѓувреме, наредните недели се очекува детален извештај на ОБСЕ/ОДИХР за неодамнешните локални избори.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ