• Latest

Шекеринска – Пелеши: Блиската одбранбена соработка и сојузништвото во Алијансата ја зацврстуваат безбедноста на регионот

November 5, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска – Пелеши: Блиската одбранбена соработка и сојузништвото во Алијансата ја зацврстуваат безбедноста на регионот

November 5, 2021 14:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Албанија како земји  сојузнички во НАТО денес се соочуваат со поголем потенцијал и можности за развој на соработката, оценија на денешната средба во Скопје министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот албански колега Нико Пелеши, кој престојува во прва официјална посета на земјава.

Министрите Шекеринска и Пелеши на средбата во Министерството за одбрана се согласија дека во тој дух треба да биде инициран нов и сеопфатен Договор за билатерална соработка, кој ќе овозможи уште поинтензивна и поблиска одбранбена соработка.

Шекеринска порача дека Северна Македонија цврсто верува во регионален развој на одбраната преку блиска соработка и вложувањето во специфични капацитети кои би биле на располагање на сојузниците.

– Паметната одбрана е најефикасниот и најдобриот начин за движење напред. Северна Македонија развива специфични капацитети кои ги нудиме на сите сојузници, а еден од нив е и Регионалниот центар за односи со јавноста и справување со дезинформации. Отворени сме за блиска соработка и во рамките на заедничките обуки и военото образование, а работиме и на интензивирање на воените вежби како најдобар начин за развој на интероперабилноста во НАТО, истакна Шекеринска.

Пелеши информира дека албанската Воена академија е во фаза на реорганизација и развој по примерот на најдобрите светски воени школи. Двајцата министри се согласија дека треба да се овозможи размена на студенти од воените академии на двете земји.

– Ние сме соседи и сојузници. Се надевам на интензивирање на одбранбената соработка и на голем број заеднички проекти. Комплементарноста е од клучно значење, рече министерот Пелеши.

Шекеринска и Пелеши разговараа и за интеграцијата на двете земји во Европската Унија, и укажаа на потребата од што е можно поскоро отворање на преговорите за членство во ЕУ и за Северна Македонија и за Албанија.

– Со нашата искрена билатерална соработка, со интензивното учество во регионалните иницијативи, ние како земји членки на НАТО ги штитиме евроатлантските вредности во регионот. Нашата одбранбена и сојузничка соработка ја зацврстува безбедноста во регионот и испраќа уште една порака – местото на Албанија и Северна Македонија во ЕУ е заслужено, рече министерката, додавајќи дека земјите испорачаа, сега е на ред да испорача е Унијата.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска и Пелеши разговарале и за предизвиците предизвикани од климатските промени и природните катастрофи и се согласиле дека е потребно земјите да сметаат една на други во вакви кризи, зашто ниту една земја самостојно не може да развие доволно капацитети за брз одговор на катастрофи од големи размери.

– Официјалната посета на албанскиот министер за одбрана се реализира само еден ден по министерскиот состанок на регионалната СЕДМ иницијатива и 15 дена по заедничкото учество на министрите Шекеринска и Пелеши на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО. Интензивните контакти на највисоко ниво помеѓу двете земји покажуваат дека и Северна Македонија и Албанија се исклучително посветени на развој на билатералната одбранбена соработка, што ја зацврстува безбедноста во регионот, а соработката е интензивна и активна и како сојузници во Алијансата, се додава во соопштението.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ