Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа од редовите на партијата Беса, поднесе оставка. Ова го соопшти на прес конференција пред неколку минути.
Хоџа оставката ја образложи поради нарушување на демократските вредности во државата, и дека партијата Беса не може да се идентификува со партија што користи недемократски методи за задржување на власта. Хоџа додаде дека од функција се повлекуваат и двајцата заменици министри.
Во однос на Кастриот Реџепи, којшто вчера не се појави на седницата на којашто требаше да се изгласа недоверба на актуелната влада, Хоџа вели дека немале контакт со него, и дека ќе чекаат да се изјасни дали тоа било негова лична одлука, или е во прашање нешто друго.
Д.Т.












