• Latest
Фото од студијата, извор: Tiiiit.inc

Студија за пристапот до менструална хигиена: Интерсекторска соработка, за надминување на менструалната сиромаштија

November 12, 2021

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Студија за пристапот до менструална хигиена: Интерсекторска соработка, за надминување на менструалната сиромаштија

November 12, 2021 21:05
in ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото од студијата, извор: Tiiiit.inc

Фото од студијата, извор: Tiiiit.inc

Share on FacebookShare on Twitter

„За да се надмине менструалната сиромаштија и да се разбијат табу темите поврзани со менструацијата потребна е интерсекторска соработка меѓу министерствата, општините и училишта“, порачаа активистките за заштита на женските права од „Тииииит! Инк.“ и „Реактор – истражување во акција“ и претставничката на Министерството за здравство Сања Саздовска.

Иако кај нас не е прв пат да се говори за менструацијата, надминувањето на стереотипите и табуата поврзани со менструирањето, како и менструалната сиромаштија, јавноста денес имаше можност да се запознае со поразителни информации кои се резултат од првата сеопфатна студија за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија – Менструална правда.

Фото: Сведоштва од испитанички

Студијата содржи три нивоа на истражувања кои ги отвораат прашањата за менструална правда преку анализа на искуствата, практиките и социјалните перцепции на жените, девојките и другите лица кои менструираат, како и преку пресметки за трошоците за менструалното здравје и добри практики од регионот и пошироко.

Во неа, сведоштвата на девојките, жените и лицата кои менструирааат, во стилот „Мислам дека треба сите менструални производи да бидат бесплатни (барем во училиштата), бидејќи е природен циклус и никој не сака да е изложен на каков било потсмев“ се преточени во конкретни бројки.

Фото: Менструална сиромаштија

Според клучните наоди од прашалникот кој целосно го пополниле 2.696 лица, речиси секоја трета учесничка одговорила дека барем еднаш во животот се нашла во ситуација да нема пари да купи влошки и да мора да импровизира со крпи, тоалетна хартија (а половина од овие учеснички и повеќепати).

Вкупно 77 отсто од анкетираните жени и девојки трошат од 101 до 400 денари месечно на производи за менструална хигиена. Понекогаш, 39 проценти од нив купуваат поевтини производи за менструална хигиена од оние што им се најдобри.

А, за да си овозможат да купат производи за менструална хигиена и аналгетици, жените кои се најмалку платени, односно добиваат минимална плата треба да работат 1 година и 2 месеци во текот на својот живот.

Затоа не е ниту изненадувачки податокот што дури 90 отсто се согласуваат дека треба да има бесплатни производи за менструална хигиена во јавните објекти.

Поразувачка рефлексија за нашето општество е и податокот дека дури 90 отсто испитанички сметаат дека во јавните тоалети во нашата земја нема услови за безбедно и достоинствено одржување на менструална хигиена. Како и дека 41 отсто се обидувале или сè уште се обидуваат да ги скријат влошките (или други производи поврзани со менструација) кога ги носат во тоалет или кога купуваат во продавница, затоа што е „срамота да се гледаат влошки“. Кај младите (18-19 години) овој процент е 54 отсто.

Фото: Графикон од студијата Менструална правда

Загрижувачки е и податокот што иако најголем дел од примерокот се високообразовани испитаници, поточно 63 отсто имаат завршено високо образование (додипломски, постдипломски студии или виша школа), 71 отсто немаат слушнато за концептот менструална сиромаштија.

За да се надмине менструалната сиромаштија и да се обезбедат бесплатни производи за менструална хигиена според резултатите на студијата државата треба да издвои само малку повеќе 0,08 отсто од вкупните расходи планирани за Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Фото: Илустрација од студијата Менструална правда

Меѓу препораките кои резултираат од студијата, освен детабуизирање на менструацијата и ослободување од дискурсот на „срамота“ преку едукативни кампањи и јавни дебати за менструална правда, потребна е и едукација на стручните служби и воспитно-образовниот кадар во училиштата.

Исто така, меѓу другото, неопходно е и подобрување на јавната инфраструктура и градење на нова родово-сензитивна инфраструктура – односно проектирање, реновирање и изградба на достапни, чисти и безбедни јавни тоалети (вклучително и тоалетите во училиштата) што одговараат на потребите на девојките, жените и девојчињата.

Фото: Сведоштва од испитанички

А за оваа тема треба да се направи и акциски план врз основа на Националната стратегија за родова еднаквост 2021-2026.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ