• Latest

Проект на УНДП за поддршка на ефикасна реинтенграција на повратниците од земјите на ЕУ

November 19, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Проект на УНДП за поддршка на ефикасна реинтенграција на повратниците од земјите на ЕУ

November 19, 2021 13:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи и со поддршка на Европската Унија, почна активности во рамките на регионалниот проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социоекономска интеграција на повратниците во Западен Балкан“.

Проектните активности ќе се реализираат во текот на три и пол години со цел поддршка на ефикасна реинтенграција на повратниците од земјите на ЕУ со посебен фокус на Ромите. Истовремено, ќе се работи и на подобрување на капацитетите на институциите на локално и централно ниво од земјите од Западен Балкан како поефикасно да одговорат на потребите на оваа ранлива категорија.

Активностите во нашата земја ќе се одвиваат во три пилот-општини – Прилеп, Штип и Шуто Оризари, кои се избрани  според наодите и критериумите презентирани во анализите на домашни експерти, базирани, главно, на процент на Роми и број на повратници кои живеат во општините, проценка на капацитетите на општините и невладиниот сектор и економските потенцијали за вработување на локално ниво.

– Потребен ни е системски приод за реинтеграција на повратниците со цел да обезбедиме поширока агенда за социјална вклученост преку спроведување сет на активности кои ќе придонесат за подобар живот и социјална кохезија. На таков начин ќе обезбедиме и кохезеони политики кои ќе одговорат на потребите на повратниците за нивна реинтеграција, посебно наменети за политиките важни за властите и на национално и на локално ниво за да ги зајакнеме капацитетите на сите бклучени чинители. Техничката поддршка која во сите овие години ја добиваме од УНДП е инструментална, истакна Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална работа.

Како што информира канцеларијата на УНДП во земјава, ранливоста во повеќе апсекти кај повратниците ќе се опфати преку холистички решенија на краток и подолг рок преку различни модели на техничка поддршка, стратешко советување и градење капацитети на институциите.

– Успешноста на интервенциите во рамките на проектот ќе се оценува според влијанието врз економската и социјалната позиција на повратниците и нивните семејства, но и според нивото на вклучување на тестираните механизми во националните законски рамки и програми за економско јакнење и социјална заштита. Ромската популација го сочинува мнозинството на повратниците од Западна Европа, така што проектните активности ќе придонесат и кон поширока инклузија на Ромите, истакна Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во државава.

Според Еуростат, 17 500 лица од Северна Македонија во последните десет години побарале азил во земјите на Европска Унија, од кои што најголем дел се Роми. Се прогнозира дека бројот е уште поалармантен поради бројот на лицата кои сезонски заминуваат во ЕУ и доброволно се враќаат.

Проектот е дел од IPA II Multi-Country Action, EУ поддршка на основните права на ромската заедница и реинтеграција на повратниците, спроведен од УНДП, Светска банка и Советот на Европа, реализирана во Србија, Албанија и Северна Македонија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ