Во знак на глобалната кампања „16 дена активизам за спречување и елиминација на родово базираното насилство врз жените“, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ соопшти дека се приклучува на спроведување на кампањата, под слоганот #ДалиЕОваЗнак?
Кампањата ќе се спроведува на локално ниво до 10 декември, а целта е едукација, информирање и подигнување на свеста за формите на насилство на заедницата, со главен фокус на жените и девојки Ромки.
Оваа кампања ќе опфати поставување на информативни штандови и споделување информации на социјалните медиуми на иницијативата, најавуваат од асоцијацијата „Лулуди“.