• Latest

Во Скопје ќе се отвори Центар за стручно образование и обука за зелени иновации

November 27, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Скопје ќе се отвори Центар за стручно образование и обука за зелени иновации

November 27, 2021 11:05
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на годината, во рамките на проектот GREENOVET, ќе биде отворен регионален Центар за стручно образование и обука за зелени иновации што ќе биде единствен од ваков вид во регионот, а кој се формира со тесна соработка меѓу бизнис секторот, истражувачите од универзитетските институции и центри, како и стручните училиштата. Паралелно со центарот во Скопје се отвораат и центри во регионите: Штаерска – Австрија, Васа – Финска и во Лерија – Португалија, информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Партнерите во проектот ја одржаa втората работилница на која се дискутираше за стратегијата за идниот регионален центар за стручно образование и обука. Проектот Greenovet – European VET Excellence Platform for Green Innovation во чии рамки се формираат овие центри, обединува партнери од четири држави во областа на стручното образование и обука на различни нивоа, локалните претпријатија, секторските здруженија, локалните власти, невладиниот сектор. Проектот ќе го поттикне развојот на стручното образование и обука во областа на зелените иновации низ Европа, со што ќе придонесе за развој на иновативна, инклузивна и одржлива економија.

Во нашата земја носители на проектот се Машински факултет при Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Сојуз на стопански комори, АСУЦ „Боро Петрушевски, Раде Кончар ТЕП и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

-Четирите центри ќе бидат формирани во исто време до крајот на оваа година. Иако овие центри имаат иста цел сепак ќе се имаат посебни стратегии за функционирање бидејќи секоја држава има свои специфики. Но, во секој случај предност на оваа соработка е тоа што имаме интересни и добри искуства кои може да ги размениме со партнерите од другите држави, истакна доц. д-р Трајче Велковски од Машинскиот факултет.

Во истражувањето кое беше направено на почетокот на 2021 година во рамките на проектот се детектираат компетенции кои се потребни за развој на зелените иновации. Во групата на најрелеватни вештини кои треба да се развиваат за развој на зелени иновации се дигитални вештини, претприемачки вештини и циркуларна економија, заштита на околината, етичко однесување, превземање на иницијативи, критичко размислување, економска писменост.

Со стратегијата за центрите ќе треба да се воспостави систем за надминување на најголемиот предизвик кој сега постои, а тоа е воспоставување на линк меѓу индустријата и образовните институции.

Недостигот на стручен и квалификуван кадар е голем предизвик со кој се соочува бизнис секторот, не само кај нас туку и пошироко во Европа, бидејќи стручните училишта не се доволно атрактивни за привлекување на поголем број на ученици, и бараат поддршка во следењето на брзорастечките потреби на бизнисите кои  динамично се менуваат и прошируваат. Потресот кој го наметна здравствено-економската криза предизвикана од појава и ширење на вирусот Ковид-19 наметна уште поголема потреба за брза адаптација, согласно нови потреби и барања на индустриски и пазарни трендови, а потребата од заштита на животната средина се наметнува како неопходен сегмент кој ќе овозможи раст, развој и одржливост.

Регионалниот Центар за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации ќе нуди различни услуги за различни целни групи од регионот, како: високообразовни институции, понудувачи на стручно образование и обука, индустрии/компании, јавни власти, студенти.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ