Заменик директорот на Агенција за остварување на правата на помалубројните заедници (АОПЗ) и Претседател на Странка на демократска акција на Македонија (СДА), Џелал Хоџиќ, беше во работна посета на Европскиот парламент, каде оствари работни средби со европратениците Илхан Кучук, Карло Реслер, Валтер Флего, како и со Елма Оручевиќ, асистентка на европратеничката Ирена Јовева.
На средбите се сборуваша за состојбата на помалубројните заедници во Р. Северна Македонија. На европратениците им беше пренесена заложбатаи Република Северна Македонија што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ, како и важноста целиот регион на Западен Балкан да има одржлива европска перспектива.
-Сите помалубројни заедници секогаш се наклонети кон развојот на демократските процеси, како и евроатланските и европските интеграции. Повеќе демократија, повеќе ЕУ и повеќе НАТО, значи повеќе глас и подобар статус за помалубројните заедници. А тоа е подобра позиција да дадат свој придонес во развојот на македонското општество, но и подобра позиција за заштита, развојот и промоција на идентитетот и културата на самите помалубројни заедници, истакна Хоџиќ.
Ќе продолжиме со редовна комуникација и соработка со европратениците на овие теми, додаде тој.












