• Latest

Кацарска: Без импулсот од преговорите слабее ентузијазмот за реформите од ЕУ-агендата, потребна национална стратегија со дефинирани приоритети

December 1, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кацарска: Без импулсот од преговорите слабее ентузијазмот за реформите од ЕУ-агендата, потребна национална стратегија со дефинирани приоритети

December 1, 2021 14:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Без импулсот кој што би требало да го дадат преговорите многу тешко се мобилизираме внатре за да ги унапредиме состојбите. Потребно е да изградиме своја стратегија за тоа кои се националните приоритети во однос на пристапувањето во ЕУ бидејќи овој процес и доколку ги започнеме преговорите ќе трае многу долго. Приоритети треба да бидат јакнење на капацитетот на администрацијата и на меѓусекторската комуникација, оценува директорката на Институтот за европски политики – ЕПИ, Симонида Кацарска. 

-Покрај тоа што гледаме една замореност во проширувањето ние сме традиционално добри во усогласеноста имаме портфолио од 20 години на Спогодбата за стабилизација асоцијација (ССА). Јасно е дека без еден импулс кој што би требало да го дадат преговорите многу тешко се мобиолизираме внатре за да ги унапредиме состојбите. Препорачуваме многу повеќе да се користи ССА, како инструментот кој се уште ја претставува правната рамка помеѓу Република Северна Македонија меѓутоа и во регионот во однос на односите со ЕУ. Нам на формално ниво односите ни се дефинирани преку таа спогодба и би требало да се осврнеме на тоа како можеме подобро да ги искористиме можностите кои што ги нуди овој процес. Од друга страна препорачуваме едно подолгорочно планирање во кое што нема да зависиме од секој јуни и декември. Ние мора да изградиме своја стратегија во однос на тоа кои се националните приоритети на краткорочно, среднорочно ниво бидејќи овој овој процес и доколку ги започнеме преговорите ќе трае многу долго, вели на новинарско прашање Кацарска во контекст на денешната конференција на тема „Меѓу извештаите, напредокот и усогласеноста – како до суштински квалитетен процес на усвојување на acquis на ЕУ“ што ја организира ЕПИ.

За тоа како стоиме со поглавјата во однос на исполнетоста на политичките критериуми Кацарска забележува  дека овие критериуми кои сега се собрани во поглавјето Темели, а на кои се додадени нови области како што се функционирањето на демократските институции и реформата на јавната администрација, не е јасно како ќе се проценуваат од ЕК, особено во однос на првото и затоа е потребно, вели, да креираме своја агенда.

-Оваа година Комисијата извади еден сет на индикатори кои што можеби ќе ги користи, но исто така е јасно дека и од страна на ЕК има тенденција да се користат овие трети индикатори меѓутоа се уште не знаеме во кој котекст. Затоа е многу важно да креираме своја агенда. Ние несомнено во правосудството стоиме добро. Ние почнавме многу рано. Дел од оние дискусии кои ги има во Србија во однос на уставните измени ние ги направивме уште во 2005 година. Мора да сфатиме дека сме земја која почнала на почетокот и не изненадува тоа што имаме добра оценка и во поглавјата 24 и 23. Меѓутоа исклучително е важно ние своите приоритети да ги поставиме таму. Јасно е дека Комисијата препорачува почеток на преговори за онаа фаза во која се наоѓаме би имале добар старт, меѓутоа мораме да влијаеме на себе си, на целокупното општетство, на сите чинители да можеме да ги придвижиме работите подалеку од таа фаза на самиот почеток на преговори, вели Кацарска.

Според неа, несомнено, дека, покрај самиот кластер Темели, очигледно е слабеењето на капацитетите, слабеењето на координацијата, особено во однос на искористувањето на средствата за ЕУ и вложувањето на капацитетите во оние административци, елитата која треба да го води процесот, кој што долго ќе трае, а потрено е да се овозможи тие луѓе да имаат и континуиран напредок и квалитет и тренинг што сеуште не сме го утврдиле.

-Приоритети треба да бидат јакнење на капацитетот и на меѓусекторската комуникација. ЕУ не работи во изолирани средини, туку работи во јавни политики за кои што е потребно да се координираат многу институции истовремено, потенцира Кацарска.

Во однос на се послабиот ентузијазам за реформи поради неизвесноста на стартот на преговори до крајот на оваа година, заради бугарското вето, но и за време на наредното фарнцуско претседателство заради претседателските избори во Франција во април, таа повторно ја подвлекува важноста од сопствена долгорочна стратегија која нема да се врзува за рокови.

-Ние мораме да ги изградиме своите приоритети во контекст на европското пристапување и да се научиме националната агенда да ја градиме комплементарно со таа на ЕУ и да ја гледаме подолгорочно, од она што се вели декември или јуни. Тоа е тешко, но доколку изградиме една стратегија за тоа каде сакаме да биде општеството за одреден период мораме на овој начин да го правиме. Несомнено би било подобро доколку го имаме примерот на источното проширување во кој земјите за седум години ги затворија преговорите. Тоа е најдобрата опција, меѓутоа ние таа ја немаме на масата, нема да ја имамме и треба да се соочиме со таа реалност дека мораме да изградиме концепт кој што ќе трае долгорочно, децидна е директорката на ЕПИ.

Институтот за европски политики денеска ја промовира својата годишна анализа на Извештајот на ЕК за Северна Македонија објавен во октомври, годинава, во која се сумирани наодите базирани на нивните истражувања кои во континуитет ги прават веќе 10 години во ист формат. На денешната конференција фокусот е на поглавјата безбедност на храна и царина кои се клучни во пристапниот процес, а кои традиционално добро ги оценува ЕК, и сме пред земјите во регионот.

На настанот ќе учествуваат претставници од работните групи за поглавјата за усвојување на правото на ЕУ, претставници од СЕП, граѓанскиот сектор, научната заедница, претставници на Делегацијата на ЕУ и на државите членки и кандидати за членство во ЕУ. Целта на настанот е да обезбеди дијалог на професионално ниво за добрите практики, слабостите и предизвиците во процесот на усвојување на acquis на ЕУ, да ги идентификува факторите што влијаат на динамиката и квалитетот на неговото усвојување и да даде препораки за унапредување на содржината и механизмите на процесот на пристапување кон ЕУ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ