• Latest

Забележан случај на дискриминација на осуденик со траен инвалидитет во КПД Идризово

December 3, 2021
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

October 16, 2025

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Национална прес конференција (08.10.2025)

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Забележан случај на дискриминација на осуденик со траен инвалидитет во КПД Идризово

December 3, 2021 09:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Осуденик со траен 100% инвалидитет, стекнат по сообраќајна несреќа во 2009 година, не можел непречено да ги извршува секојдневните активности, физиолошки потреби, ниту пак посетувал редовна физикална и хидро терапија како осудено лице, аралмираше денес Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Според Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), утврдена е директна продолжена дискриминација врз основа на попреченост и повреда на правото на еднаквост и нееднаков третман при уживањето на правата на здравствена заштита од примарно, секундарно и терцијално ниво при издржување на затворска казна, извршена од страна на КПД Идризово Скопје. Продолжената дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација.

КСЗД постапуваше по претставка од осудено лице од Скопје преку неговиот адвокат, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници, која беше поднесена поради сомневање за сторување директна дискриминација врз основа на попреченост и повреда на правото на еднаквост и нееднаков третман.

„Тоалетите во установата биле претесни, поради што осуденото лице не можело да пристапи до нив со својата инвалидска количка, а поради неприспособените тушеви, тој морал да се тушира во отворените делови, без никаква интимност. Тој не бил во можност ниту да ја добива препишаната редовна терапија бидејќи во установата не постои можност за такви здравствени услуги. А, поради неприспособената инфраструктура, не можел да пристапи ниту до затворската амбуланта“, наведено е во соопштението.

КСЗД побара изјаснување од страна на КПД Идризово за овој случај, по што установата известила дека поради недостиг на финансиски средства, и покрај реноворањето, инфраструктурата не се подобрила во насока на поробрување на условите за живот на затворениците, особено на оние со одредена попреченост, поради што ова лице е третирано на начин кој е споменат.

Во дописот од установата, наведено е дека братот на осуденикот, кој исто така издржува казна, му помагал во извршување на секојдневните активности и поради тоа тој одбил да биде преместен во новото полуотворено одделение каде што условите биле посоодвентни. Изјавата на осуденото лице била без наведен датум, па не може да се утврди во кој период му била дадена понудата за преместување.

Исто така, од КПД Идризово известиле дека повремено се случува да има недостаток на лекови, како и спреченост да се користи здравствена заштита на секундарно и терцијално ниво поради мерките против КОВИД-19. Во самата установа, здравствена заштита овозможуваат само 1 лекар, 1 стоматолог и 2 медицински сестри./Мета.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ