• Latest

ЦИВИЛ повикува на бескомпромисна акција во одбрана на човековите права и слободи

December 10, 2021
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ повикува на бескомпромисна акција во одбрана на човековите права и слободи

December 10, 2021 09:04
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ им го честита 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и порачува: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

И оваа година, како и сите 22 години претходно, на Меѓународниот ден на човековите права, ЦИВИЛ упатува повик за вклучување на сите граѓанки и граѓани во бескомпромисна акција во одбрана на човековите права и слободи.

ЦИВИЛ ги повикува институциите да манифестираат максимална одговорност и посветеност и ги потсетува дека човековите права и слободи се нивна прва и најголема обврска.  Во духот на слободата, солидарноста и толеранцијата, ЦИВИЛ повикува на почитување и заштита на човековите права и слободи.

Обврска на секое општество, на сите институции на локално и национално ниво, на сите носители на одлуки, сопственици на бизнис и на сите луѓе е да ги почитуваат човековите права и слободи. Секој човек ги има истите човекови права и слободи како и сите други луѓе во светот, само затоа што е човек. Човековите права и слободи се неотуѓиви – никој не може да ги даде или да ги одземе, бидејќи тие веќе му припаѓаат на секој човек!

Еднаквост, намалување на нееднаквостите, унапредување на човековите права

Темата на Меѓународниот ден на човековите права оваа година е „Еднаквост, намалување на нееднаквостите, унапредување на човековите права“, врз основа на заедничката рамка за акција на системот на ОН: „Не оставаме никого зад себе: Еднаквост и недискриминација во срцето на одржливиот развој“.

Во април 2016 година, членовите на Главниот извршен одбор на системот на Обединетите нации за Координацијата се обврза да го стави императивот за елиминирање на дискриминацијата и намалување на нееднаквоста во и меѓу земјите. Заложбите се во согласност со напорите на ОН да ги поддржи земјите членки во спроведувањето на Агендата за одржлив развој 2030.

Универзалната декларација за човекови права, најпреведуван документ во светот

Денот на човековите права е меѓународен датум кој се одбележува во чест на Универзалната декларација за човекови права која Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои на 10 декември 1948 година. Според ОН, овој меѓународен документ, Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) претставува пресвртница во историјата на човековите права и е вгнездена во современото меѓународно право.

Оваа година, на 73-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, темата „Еднаквост, намалување на нееднаквостите, унапредување на човековите права“ е инспирирана од Член 1 од УДЧП:

„Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“.

Универзалната декларација за човекови права е преведена на повеќе од 500 јазици што ја прави најмногу преведуван документ во светот.

ЦИВИЛ на Денот на човековите права со настан посветен на родовата еднаквост

ЦИВИЛ оваа година ќе го одбележи Денот на човековите права со дебата посветена на родовата еднаквост „Меѓу декларациите и реалноста“. Со избирање на темата за родовата еднаквост, ЦИВИЛ јасно ги изразува позициите на организацијата и определбата за вистинско и конкретно надминување на предизвиците поврзани со дискриминацијата и нееднаквоста на родова основа.

На овој ден, ЦИВИЛ уште еднаш апелира до сите граѓанки и граѓани и до сите институции на локално и национално ниво, да ја прочитаат Универзалната декларација за човекови права и да ги почитуваат човековите права и слободи во нивната неделивост и универзалност.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ