ЦИВИЛ ќе одржи панел дискусија на тема „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“, на 10 декември (утре), со почеток во 11 часот во студиото на ЦИВИЛ во Бизнис центарот „Палома Бјанка“ во Скопје.
Дали жените си ги знаат своите права, колку се заштитени жените во семејствата, општеството, работните места, во брачните заедници, што се прави за намалување на нееднаквоста во однос на правата на жените во земјава, за трајни решенија во однос на дискриминацијата на жените на институционално и општествено ниво, се дел од темите на кои ќе се дискутира на овој панел.
Учеснички на панелот ќе бидат Драгана Стојчевска, режисерка, Елена Димушевска од Национална мрежа против насилство врз жените, Нора Калиќи -Ајо, Алмира Фазли – Иницијатива на жени Шуто Оризари, Николина Кениг – професорка на Филозофски факултет, деканка на Правен факултет, Весна Попоска , Рита Бехадини од Mollëkuqja ( Бубамара), Стојна Митева од Скај плус Струмица. Панелот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Настанот ќе се одржи онлајн, преку платформата Zoom, ќе се емитува во живо на каналите на ЦИВИЛ, civil.mk и Јутуб каналот на Организацијата, а содржините што ќе произлезат од панелот ќе бидат објавени на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа на македонски јазик и Drejt.mk на албански јазик.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.