• Latest

Ѓоргиев: Застојот во Комисијата за историски прашања настана 2019-та кога Бугарија усвои рамковна позиција

December 10, 2021
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ѓоргиев: Застојот во Комисијата за историски прашања настана 2019-та кога Бугарија усвои рамковна позиција

December 10, 2021 19:48
in ИЗЈАВИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Застојот во работата на Заедничката експертска македонско-бугарска историска комисија датира од октомври 2019 година со донесувањето на „Рамковната позиција“ на Бугарија за старт на преговорите со Северна Македонија, вели копретседателот од македонска страна на Заедничката историска комисија со Бугарија, Драги Ѓоргиев.

Ѓоргиев во изјава за ТВ Телма по одржувањето на 16. средба на Комисијата за историски прашања која заврши попладнево без успех, воедно, подвлекува и дека работата на Комисијата е апсолутно надвор од секакви политички влијанија.

– Застојот во работата на Комисијата настана во октомври 2019 година кога веќе почнаа да се усвојуваат разни декларации и рамковни позиции во Собранието пред се на Република Бугарија и кога Бугарија ја усвои рамковната позиција во однос на прашањето. Ние апсолутно се трудиме политиката да ја апстрахираме во нашата работа и сите дискусии кои се водат денес се во духот на академското разбирање на минатото. Ние работиме во еден политички контекст и не може да се избегне политичкиот контекст, меѓутоа, сепак, сакам да потврдам дека работата на Комсијата е апсолутно надвор од секакви политички влијанија и ние се трудиме да остане така, и досега, а и во понатамошната работа на Комисијата, вели историчарот Ѓоргиев.

Тој потврди дека на дводневниот состанок што се одржа онлајн, се разговарало за претставувањето на државата на цар Самоил во македонските учебници и дека не успеале да постигнат согласност да формулираат заедничка препорака за претствувањето на тој настан во учебниците.

– Разликата се состои во тоа што имаме различен пристап во претставувањето на настаните и личностите од средниот век. Тука имаме генерално многу различни пристапи, во однос на бугарските колеги и инсистирањето настаните од 10 и 11 век да се претстават во перцепција на апсолутна виостина дека постои само една вистијна за тој настан и таа личност, од друга страна обидот да се претстави цар Самоил и неговото царвство во сите негови различни толкувања во светската историографија остануваат главен проблем во разидувањата на македонската и на бугарската комисија, рече Ѓоргиев.

Во однос на тоа што македонскиот тим настапи со еден член помалку, Ѓорѓиев рече дека надминувањето на тој проблем е во тек. – Ние работиме на тоа да се надополни Комисијата со еден член, меѓутоа денес апсолутно не беше тоа никаков хендикеп бидејќи и порано се случувало и бугарсклата и нашата комисија од одредени причини да работи без еден член.

Тој најави дека до следната средба ќе работат на тоа да инкорпирираат еден член во македонскиот тим од Комисијата.

Министертсвото за надворешни работи претходно соопшти дека 16. средба на Комисијата за историски прашања завршила без успех, и оти остануваат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи ослободени од политизирање на историјата меѓу македонските и бугарските историчари.

– Пристапот кој се заснова на позитивните европски искуства и препораките на Советот на Европа и УНЕСКО остануваат основа во работата на македонската страната во Комисијата и од тука произлегуваат главните недоразбирања со колегите од Софија, кои остануваат на исклучивиот пристап кој е туѓ на современото разбирање на историското образование кое подразбира мултиперспективен и интердисциплинарен пристап, По исцрпна дискусија вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка, стои во соопштението од МНР. / МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ