• Latest
Добро утро со Орданоски

Да живеат обединителите!

December 13, 2021

Филипче: Наша должност е да ја запреме разулавената власт, да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кијив, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Кијивска регионална администрација)

Украинската амбасадорка Дир за ЦИВИЛ: Државата-агресор продолжува со терор против украинските градови и граѓани

September 28, 2025

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025

Избори, нервоза и сказни

September 28, 2025

Гаши: Избори без притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025

Хоџиќ го честита Денот на Бошњаците: Секогаш да сме пркосни на сите деструктивни сили и политики

September 28, 2025
Ф-16 на португалските воздухопловни сили полетува за време на ротацијата на балтичкото воздухопловно набљудување во Естонија. (фото извор: НАТО)

Полска подигна авиони за да ја осигурат безбедноста на нивниот воздушен простор откако Русија започна напад врз Украина

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Запорижја, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Запорижска регионална администрација)

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Масивен напад со ракети и дронови врз цивилни цели, загина 12-годишно девојче

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ сo ултиматум до Обвинителството и Судот, бараат одговори до 3 октомври

September 28, 2025
Илустрација ВИ

Од полноќ официјално почнува кампањата за Локалните избори 2025

September 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да живеат обединителите!

Желбата за ред, работа и дисциплина (!) е најреформската идеја што овде се цени, иако е таа тешко спроведлива со повисоки нивоа на внатрепартиски долги дебати, при толеранција и (не)усогласување на различностите. Напротив, превладувачкиот став е дека партискиот клиентелизам е поефикасна линија за „обединување“, од демократијата.

December 13, 2021 06:45
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Од првите парламентарни избори, одржани во 1990 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше само тројца претседатели на партијата – Георгиевски, Груевски и сега реизбраниот Мицкоски. Во тие 31 години, СДСМ смени двојно повеќе лидери, почнувајќи од Петар Гошев (кога партијата уште се водеше како СКМ-ПДП), а потоа Црвенковски, Бучковски, Шекеринска, Заев и сега тукушто избраниот Ковачевски. Во трите изминати децении, во СДСМ имаше само две значајни партиски отцепувања (она на Петар Гошев во далечната 1993 со формирањето на Демократската партија; и на Тито Петковски во 2005, кога тој ја основа НСДП). Кај ВМРО, пак, е тешко да се добројат сите фракции кои излегоа од партиската матица и ги основаа своите обединето-разединети, народни, демократски, изворни, нови, стари, десни и најстаро-најнови партиски „иверки“.

Со оглед на тоа што за триесетина години и СДСМ и ВМРО, кумулативно, поединечно владееја со земјата по петнаесетина години, би можело, макар и воопштено, погоре опишаната внатрепартиска динамика и демократскиот капацитет во двете партии да се анализира и низ тоа колку се толерирала различноста на мислењата во партиските врвови, па и чувството за одговорност, не кога се победува, туку кога се губи во политиката. Несомнено е дека, како и да ја свртите аргументацијата, СДСМ отсекогаш била партија со поголем демократски капацитет (иако далеку од идеален), додека во ВМРО-ДПМНЕ ставот на претседателот бил доживуван како партиски закон, а сето останато како „предавство“ што неминовно повлекувало збогување (макар и привремено) со партијата. Тие збогувања знаеле да бидат и со закана од вооружена придружба.

Оваа внатрепартиска традиција продолжува и денеска. Во СДСМ, внатрепартискиот демократски модел (за потсетување, и тандемот Заев/Шекеринска во 2013 година победи на партиските избори во трка со Јовановски/Наумов) уште и значително се унапреди во последната година, со решението претседателот на партијата да се бира на непосредни, општи внатрепартиски избори. На тукушто завршениот вонредниот изборен конгрес се натпреваруваа тројца кандидати за лидерската функција.

Истовремено, 490 делегати на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, без глас против (додуша, со дури две неважечки ливчиња во гласањето и еден кој не гласал – самиот Мицкоски!) го реизбраа единствениот кандидат Христијан Мицкоски во нов претседателски мандат, овој пат како победник на последните локални избори во државата, но и со најголема пратеничка група во Собранието.

Едноставниот заклучок од оваа фактичка споредба би можел да биде дека во Македонија нивото на внатрепартиската демократија нема директна врска со успешноста на партиите во нивната меѓупартиска изборна трка. Кога би се анализирале состојбите и во другите партии во државата, тој заклучок би можел само уште повеќе да се аргументира. Колкаво и да е нивото на дебата и демократска разноликост во партиите, победувал (или губел) оној што го има партискиот печат во сефот, без разлика како се освојувал клучот од тој сеф. Можеби и затоа што во партиските сефови, обично, не се чува само печатот на партијата.

Што говори тоа за политичката свест во општеството?

Па, она што со децении го читаме низ повремените социолошки истражувања: не само партиската јавност, туку и поголемиот дел од непартиското, граѓанско општество е рамнодушно кон нивото на демократија што се практикува во партиите, а и во општеството. Овдека мнозинството преферира стабилност на раководните структури, предвидливост на политиките и внатре и вон партиите, па макар исти лидери владееле со децении (како Али Ахмети, на пример). Идеите за модернизација на партиите/општеството најчесто губат на избори, а прогресивните, реформски ориентирани лидери – и кога ретко ќе се појавеле – во принцип, доживувале кратки и неславни кариери.

Всушност, желбата за ред, работа и дисциплина (и „засукани ракави“!) е најреформската идеја што овде се цени, иако е таа тешко спроведлива со повисоки нивоа на внатрепартиски долги дебати, при толеранција и (не)усогласување на различностите. Напротив, превладувачкиот став е дека партискиот клиентелизам е поефикасна линија за „обединување“, од демократијата. Сите дрндаат за „злото на корупцијата и непотизмот“, но речиси никој не одбива да ги практикува, ако со тоа може да заврши некоја работа за себе.

Затоа, дури и оние кои почнуваат како партиски реформисти, набрзо ги сфаќаат и ги „интернализираат“ тие пораки, за да го стабилизираат, а потоа и зацврстат – „обединат“! – своето владеење.

Мицкоски потроши четири години за да задуши секаков обид за демократска дебата во својата партија, со што ја обезбеди монолитноста на својот сегашен партиски претседателски избор. Сега, на таква „обединетост“ го повикува и целото општество, за да ја освои власта на што поитни вонредни парламентарни избори.

Но, и во СДСМ, кај тројцата кандидати во претседателската партиска трка, сентиментот за внатрепартиско обединување и сложност беше една од главните изборни пораки. Таму победничката формула за убедлив успех на Ковачевски подразбираше и „помирување“ на бранковистичките со заевистичките струи, за да се предупреди можноста – додуша, во демократска трка со повеќе кандидати – кога двајца се караат, некој трет победнички да профитира.

Обединувањето, насекаде и секогаш, е политички лајтмотив кога партијата/општеството е во криза. Овде, фала на прашање, веќе триесет години. Во суштина, тоа ја симболизира желбата да се зачува (или врати) стабилноста и статус-квото во партијата и општеството, бидејќи и лошата стварност е подобра од неизвесната иднина во која промените носат победници и губитници во процесот. Оти, кога сме обединети, сите победуваме и кога губиме.

Да живеат обединителите!

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ