• Latest

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025 15:14
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Седум млади студенти од Македонија се автори на едукативната електронска игра „Сива зона“ наменета за средношколци, чија цел е подигнување на свеста за корупцијата и последиците од неетичките избори.

Играчот, како што информираат од тимот на „Сива зона“ ја презема улогата на средношколец во последната година од своето средно образование, затекнат на патот да одлучи каде ќе ги продолжи своите студии и високо образование, откако добива прекрасна можност за стипендија на одличен универзитет во странство, но, времето за аплицирање на стипендијата е кратко.

– За да успее, играчот мора да помине низ серија предизвици и ситуации што ја одразуваат реалноста – подготовка на документи, административни процедури, разговори со институции и полагање на тестови. На секој чекор, играчот се соочува со избор: да оди по чесен пат и да вложи труд, или да избере коруптивни практики што на прв поглед изгледаат како побрзо решение. Одлуките што ги презема го водат играчот низ „сива зона“ – простор во каде границата помеѓу етички исправните постапки и нелегалните дејствија е неодредена и тешко разграничена. Секој избор има последици врз текот на приказната и крајниот исход: добивање на стипендијата на чесен начин, губење на можноста или постигнување на успех преку коруптивни практики што оставаат негативни траги, се појаснува во соопштението.

Играта нуди повеќе сценарија и завршетоци, се истакнува во соопштението, што ја прави повторно игрива и интерактивна, а истовремено поттикнува критичко размислување кај младите за важноста на интегритетот, етичките избори и последиците од корупцијата.

Од тимот се осврнуваат и на целите на играта што се сака да се постигнат.

– Младите се соочуваат со реални коруптивни ситуации. Се поттикнува критичко размислување, морална проценка и активна рефлексија на одлуките што ги носи секој играч – во процесот на играње на секој играч му се мери интегритет, репутација, време и пари. Се промовираат вредности како интегритет, чесност и отпор кон корупција. Се создава долготраен ресурс што ќе се користи во наставни и неформални едукативни средини, се додава во соопштението.

Иницијативата е спроведена од страна на седум млади студенти како неформална група, а истата се спроведува во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање“, што го спроведува Младински совет – Прилеп. Проектот е дел од програмата за мали грантови на СЕЛДИ што се спроведува во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија.

Играта јавно ќе биде достапна од 5 октомври на веб-страницата sivazona.mk. Промоцијата се одржа на 26 септември во Скопје.

Фото: Тим на „Сива зона“

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ