• Latest

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: „Едно општество за сите, сегашност и перспективи“

December 15, 2021

24 ЧАСА: Училишниот прибор со намалени цени од 15 август; Бесплатен паркинг за болните од канцер на Клиничкиот центар; Украина нападна стратешка руска рафинерија кај Краснодар

August 7, 2025

Алиу: Цените на паркингот на Клинички нема да биде ист за сите – бесплатно за болните од рак, најскапо ќе плаќаат тие кои не се пациенти

August 7, 2025
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025
maalski policaec

РЕАКЦИИ: Од СФРЈ до денес, повик за враќање на маалски полицаец

August 7, 2025
Фото: Фејсбук на заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов

Владата ја продолжи кризната состојба за движење во шуми за 30 дена

August 7, 2025
Фејсбук Фатмир Лимани

Зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20-проценти

August 7, 2025

Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025
Наводна слика од пожар во рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај на 7 август 2025 година, за време на украински напад врз регионот. Фото: Телеграм канал Exilenova+

Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови

August 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: „Едно општество за сите, сегашност и перспективи“

December 15, 2021 12:05
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, која се одржува во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје се одржува панел – дискусијата „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“.

Роберт Алаѓозовски – национален координатор за интеркултурализам и Едно општество, вели дека Стратегијата за едно општество е жива и функционира.

„Стратегијата одговара на проблемите кои беа во изминатите години, говорот на омраза, дискриминација, етничка нетрпеливост. Стратегијата не е хир, со ова треба да се занимаваат сите граѓани.

Стратегијата започна да се имплементира од 2020 година, но се соочивме со проблемот наречен пандемија. И изборите влијаеа за имплементација на Стратегијата. Во 2020 постигнавме многу, но можевме уште повеќе. Во 2021 имавме мирна година, пандемијата малку спласна. Роковите за имплементација на Стратегијата планираме да ја завршиме во 2022, ако повторно немаме пороблеми со пандемијата или со економска криза, вели Алаѓозовски.

Џелал Хоџиќ – заменик директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, вели дека е многу важно да функционира Агенцијата за правата на помалубројните заедници. Агенцијата ќе доделува околу 2 милиони денари за поддршка на невладините организации. Тој нагласи дека ја обновиле соработката со ОБСЕ.

Ели Чакар – државен советник во Министерството за локална самоуправа, вели дека локалната самоуправа има значајна улога имплементација на Стратегијата за едно општество за сите.

„Секој граѓанин треба да го има чувството на припадност, без разлика дали е на локално или национално ниво. Претставниците на граѓанскиот сектор многу реално настапија кон креирање на Стратегијата. Од тоа произлезе дека треба да се зајакнува капацитетот на локалните институции и услуги. Треба да видиме како да ги ставиме во функција Комисиите за односи меѓу заедниците. Овие Комисии всушност не ни фунционираат. Законски имаат должност 18 општини каде што има над 20 отсто немнозински заедници. После 20 години амбиентот е сменет. Акцентот сега е ставен на квалитетот на живеење, тие Комисии би требало да имаат задача да промовираат етничка толеранција, соживот…“, вели Чакар.

Марина Тунева – извршна директорка на СЕММ и експерт, вели дека за овие прашања треба да се разговара во континуитет.

„Интеркултурализмот бара одговорност од сите. Мора да се прифати индивидуална одговорност. Предизвик и потешкотија е тоа што се забележува еднострано информирање на медиумите. Сензационалноста е исто така проблем, дури и кога се известува за различноста се забележува сензационализмот. Медиумите би требало да бараат говорниците за одреден проблем да се од различни етнички заедници“, вели меѓудругото Тунева.

Лулзим Хазири – извршен директор на граѓанската организација АДИ од Гостивар, вели дека добро е тоа што и граѓанскиот сектор придонесува за промовирање на мултикултурализмот.

„Македонија е држава која треба да се соочи со различноста што ја има, не можеме да бегаме од овој голем конгломерат на различности, и ценам дека Владата е должна да создаде овозможувачки услови за спроведување на Стратегијата. Различноста треба да ни биде цел за креирање на нашите идни активности. Мултикултурализмот е скапа работа. Креативноста на граѓанскиот сектор е многу битна и соработката со државата треба да се продлабочи“, вели Хазири.

Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ, вели дека стратегијата Едно општество за сите, е прва од овој вид, која не е наметната однадвор, или предизвикана тектонски, туку е предизвикана од внатрешни креатори“ Во стратегијата може секој да се пронајде, но за жал другите услови тоа не го дозволуваат. 178 меѓународни документи се наведени како основа за оваа Стратегија.

Во 12 од 28 активности во Стратегијата,  како ризик се констатира недостатокот од политичка волја, во образованието – отпор, односно незаинтересираност од наставниците“, вели меѓу другото Дерала.

Перспективи 2022

„Ќе се водам според еден париски графит „Бидете реални, барајте го невозможното“, затоа ние од ЦИВИЛ ќе бараме целосно спроведување на Стратегијата и напуштање на политиката на неказнивост. Треба да не чекаме донации туку самите да вложуваме средстава во спроведување на Стратегијата. Ќе бараме застапеност по сите основи, не само етничка, туки и родова, политичка итн. Комисии да се формираат во сите општини, а не само таму каде што живеат Македонци и Албанци“, вели меѓудругото Дерала.

Политичките партии влијаат на сегрегацијата. Етничките групи да не бидат пазар на политичките партии. Да се ублажи јазот меѓу младите, односно да се укине сегрегацијата во училиштата. Етничките групи не треба да учат во различни смени, мора да бидеме похрабри да го решиме тој проблем, Хазири.

Медиумите имаат голема моќ како ќе ја пренесат пораката на интеркултурниот концепт, Тунева.

Балансерот не треба да функционира во оваа состојба туку треба нешто да се смени, за помулбројните заедници да може да си ги остварат своите права. Во образованието треба да создадеме кадар помалубројните етнички заедници да може да учат на својот мајчин јазик. Двете големи етнички заедници треба да најдат начин да ги вклучат и помалубројните етнички заедници во креирањето на национални политики. Во изминатите неколку години се намалени меѓуетничките тензии, и сметам дека доколку нашата држава добие блокада за ЕУ интеграциите тогаш може повторно да имаме меѓуетники тензии. Исто така и иселувањето на младите ќе биде предизвик доколку нашата држава нема европски перспективи, вели Хоџиќ.

Следната година е процес на утврдување што е направено и што ни остана за реализирање. Концептот едно општество треба да го гради заедништвото и понатаму да функционира, вели Алаѓозовски.

Учесници на панелот се Роберт Алаѓозовски – национален координатор за интеркултурализам и Едно општество, Џелал Хоџиќ – заменик директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Ели Чакар – државен советник во Министерството за локална самоуправа, Марина Тунева – извршна директорка на СЕММ и експерт, Лулзим Хазири – извршен директор на граѓанската организација АДИ од Гостивар, и Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ.

На панелот преку видео – обраќања и специјални интервјуа на оваа тема учествуваат и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Весна Бендевска, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерката за образование и наука Мила Царовска и министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска.

Каква е состојбата со спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“? Каде има напредок, кои се слабостите? Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за претстојната година? Учесниците на овој дел на Конференцијата „Перспективи“ 2022 ќе зборуваат за досегашните постигнувања и предизвици во нивните области, како и за тоа што треба да се направи и што не очекува во однос на спроведувањето на овој концепт во идната 2022 година.

Панел – дискусијата ќе трае 90 минути, и ќе се одвива во комбиниран формат – со физичко присуство и онлајн преку платформата Зум. По обраќањата, ќе следува дискусија со панелистите и учесниците на конференцијата, а онлајн заедницата ќе има можност да коментира и поставува прашања. Целиот настан ќе биде пренесуван во живо преку онлајн платформите на ЦИВИЛ Медиа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ