• Latest

Само 17 отсто од членовите на општинските совети се млади 

December 21, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Само 17 отсто од членовите на општинските совети се млади 

December 21, 2021 12:44
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најголем дел од прашањата кои влијаат врз квалитетот на живот на младите се во надлежност на локалната самоуправа, иатакна Дамир Незири, претставник во земјата за ВФД на дискусија за позицијата на младите како кандидати на локалните избори 2021, во организација на Фондација за демократија на Вестминстер  (ВФД).

На настанот беше презентирано истражувањето спроведено за време на локалните избори годинава.  

„Од образованието и детската заштита, урбанизмот и локалниот сообраќај, до управувањето со отпад и заштитата на животната средина, сите овие области директно влијаат врз секојдневието на младите. Затоа е важно во органите на локалната самоуправа да бидат вклучени млади кои ќе ги пренесат потребите на оваа група на граѓани“, истакна Незири.  

Како говорници на настанот своите искуства ги споделија: Стојан Николов, градоначалник на Општина Росоман, Невена Величковска, советничка во Совет на Општина Куманово, Фатима Османовска, советничка во Совет на Општина Шуто Оризари и Суад Шаќиров, кандидат за градоначалник на Општина Чашка.  

Од функциите кои се бираат на избори, младите имаат поголеми шанси да бидат избрани за советници, отколку за градоначалници или пратеници. Според истражувањето, просечната возраст на избраните советници е 39,63 години, додека на градоначалници е 42,67 години. Просечната возраст на избрани пратеници на изборите во 2020 беше 44,82 години. Дури и кога младите се наоѓаат на листите, тие се на помалку добитни места. 

Иако четвртина од популацијата се млади, само 3 % од кандидатите за градоначалници биле на возраст до 29 години. Од вкупно 299 кандидати за градоначалници, само 8,3 % се жени, а само 3 % се млади жени. Само 6 политички субјекти меѓу своите кандидати за градоначалници имале млади, додека 43 политички субјекти воопшто немале.  

Кога станува збор за кандидатите за советници од вкупно 10.532 кандидати 26,4 % се млади, но само 17,4 % од избраните советници се млади. Младите имаат највисоки позиции на листите во руралните општини (35,6 %), потоа во урбаните општини (24,3 %), а најниски во општините во рамки на Градот Скопје (16,3 %).  

Дел од препораките од истражувањето се политичките партии да водат грижа за и да даваат поддршка и простор за учество во политичките процеси на младите кандидати. Да се воспостават квоти во рамки на партиите за застапеност на младите како кандидати. При самите избори проверката со биометриски податоци, да се користи и за да се обезбеди статистика за излезноста и учеството на младите и жените во изборниот процес. Истражувањето беше направено врз основа на официјалните податоци за кандидатите објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, а автори на трудот се Јована Ѓорѓиовска и Блажен Малески.   

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ