• Latest

Истражување: Над 90 отсто од Ромите не поднесуваат жалба на добиено негативно решение поради недоверба во институциите

December 21, 2021
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Истражување: Над 90 отсто од Ромите не поднесуваат жалба на добиено негативно решение поради недоверба во институциите

December 21, 2021 15:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 90 отсто од Ромите не поднесуваат жалба на добиено негативно решение поради недоверба во институциите, се вели во истражувањето „Искористеност на правата од социјална заштита од страна на ромската заедница”, подготвено од страна на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА.

Во изработката на истражувањето се користени три методи, преку прашалник реализиран од анкетари на „Ромалитико“ во 16 општини со што биле опфатени околу 950 испитаници. Целта на истражувањето била „да се опфати патешествието на просечниот Ром до искористување на неговите социјални права, вклучувајќи ги и детските права“. Во него е опфатен периодот пред да аплицираат, од каде се информираат и слично.

Во однос на пристапот до услугите од страна на Ромите, како што истакнаа од „Ромалитико“, добиле наод дека многу им е поважен пристапот до институцијата, односот на вработените до таа мерка што ако наидат на лош однос од вработен, тие нема да аплицираат за одредено право што им следува, што го оценија како алармантно.

 

Тие посочија дека добиле препорака оти треба да се работи на тоа да биде пократок периодот за добивање на одговор во однос на барањето за пристап до одредено социјално право.

Во министерствата за економија и за локална самоуправа, во институциите кои се однесуваат на урбанистичкото планирање во државата, како и во голем број на судови нема ниту едно лице од ромската заедница, се заклучува од извештајот „Правична застапеност во јавната и државната администрација”, кој беше презентиран денеска од страна на Институтот „Ромалитико“.

Од „Ромалитико“ истакнаа дека главната порака што произлегува од извештајот е дека треба да се започне со втора фаза на вработувања во државната и јавната администрација, кои што стриктно ќе се однесуваат на зголемување на бројот на вработување на помалобројните заедници, вклучително и на ромската заедница.

– Потребно е стратешко делување во однос на зголемување на бројот на вработени во државната и јавната администрација со воведување на програма за вработување која што ќе ги земе во предвид потребите на ромската заедница и да се направи вмрежување од кое што ќе може да произлезе програма за стратешко вработување на Ромите во државата, креирање на дата база која што ќе ги земе предвид стручноста и каков кадар произлегуваат од образовните институции – средно образование, факултет или слично, заедно со потребите во оние институции каде што има потреба да се работи  за да се подобри состојбата на Ромите во државата, потенцираа од „Ромалитико“

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ