• Latest

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

December 22, 2021
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

December 22, 2021 11:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со новиот Закон за работни односи јасно се регулирани нестандардните форми на вработување, со што работните процеси ќе бидат прилагодени на новите потреби на пазарот на трудот. Правата на работниците ќе бидат целосно заштитени, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на работилницата „Валидација на нестандардни форми на вработувања во македонски контекст“.

Министерката посочи дека со добра регулација и имплементација на нестандардните форми на вработување се овозможува брзо прилагодување на работодавачите на динамичниот пазар на труд и справување со недостигот на работна сила.

Од друга страна, како што рече, на работниците ќе им го олесни пристапот до нови работни места, посебно на маргинализираните групи, младите, жените, постарите работници и мигрантите.

Според министерката, нестандардните форми на вработување не смеат да бидат средство за намалување на трошоците за работна сила на сметка на основните работнички права.

-И затоа, при нивната регулација мора да бидеме многу претпазливи. Работникот и неговите права во ниту еден момент не смеат да бидат загрозени, оцени Шахпаска.

Таа нагласи дека со новиот Закон за работни односи јасно ќе бидат регулирани договорите на определено време, работата од далечина и работата од дома, ангажирањето на работници во домаќинства, сезонските и повторливи сезонски работи, работа со неполно работно време.

-Подобро ќе биде регулиран и работниот однос адресирајќи ги прикриените вработувања, кои се суштинска девијација од стандардното вработување. Ова се исклучително важни прашања и токму затоа оваа работилница е многу важна за нас како држава, за да можеме да донесеме вистински решенија кои ќе бидат во интерес и на работниците и на работодавачите, а со тоа ќе бидат во интерес на државата, рече министерката.

Работилницата е организирана од Меѓународната организација на трудот, а обраќање имаше и националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски. Онлајн учествуваа и меѓународни правни и економски експерти од областа на пазарот на трудот, за социјален дијалог и трудово право, но и експерти и универзитетски професори од државата, а присутни беа и претставници на работниците и на работодавачите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ