Соопштувајќи ја вестa за приклучувањето на Северна Македонија кон ЕУ борбената група HELBROC, која е под директна контрола на Советот на Европската унија и е дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијатапред новопримените професионални војници во касарната во Велес, министерката Радмила Шекеринска рече дека учеството во HELBROC го истакнува придонесот на Армијата за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
„Армијата и одбраната не се важни само за нашето НАТО членство туку и за нашиот втор стратешки приоритет – членството во ЕУ. Владата потврди дека Северна Македонија ќе се приклучи на мултинационалната ЕУ борбена група HELBROC. Со ова покажуваме дека нашите амбиции не завршија со членството во НАТО, туку се зголемија и ќе бидеме аргумент плус и за нашето членство во ЕУ“, рече Шекеринска.












