Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, по повод новогодишните празници, денеска беше во посета на детското одделение во Општата болница во Куманово.
Димитриевски им подари новогодишни пакетчиња на децата сместени на Детското одделение во
оваа јавно здравствена установа. И оваа година Општината даде свој придонес, зголемувајќи ја радоста на најмалите, соопштија од општината.
Ц.Д