• Latest

УНИЦЕФ: Наставниците масовно учествуваа на вебинари за поддршка на дигиталното учење

December 27, 2021

24 ЧАСА: Шест европски организации со повик за одбрана на медиумските слободи; Зеленски – Безбедносните потреби на Украина го надминуваат корејското сценарио; Вучиќ ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

September 4, 2025

ЦИВИЛ е дел од европска иницијатива за одбрана на медиумските слободи и демократијата

September 4, 2025

ДИК: ОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025

September 4, 2025
Горан Стојанов, градоначалник на Неготино /  фото: Општина Неготино

Градоначалникот на Неготино пријавил заканувачки пораки

September 4, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за воведување на вештачка интелигенција во образованието?

September 4, 2025
Седиштето на НАТО во Брисел (фото: Џ. Д. / Цивил)

НАТО реагираше поради Додик: Секоја закана за сецесија е опасна

September 4, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ најави можна набавка на оружје од Кина и ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

September 4, 2025
Руски напад врз областа Донецк предизвика пожар, кој ја погоди цивилната инфраструктура на 4 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Најмалку 15 убиени цивили, 26 повредени во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден

September 4, 2025

Зад затворените врати на АНБ: Декласификација или манипулација – кој се плаши вистината да излезе на виделина?

September 4, 2025
(од лево на десно) Дел од потписниците на Заедничката изјава: Мика Бојстер (Германска унија на новинари), Волфганг Ресман (Медија Дијалог) и Роџер Касале (Вестминстерска алијанса за Украина) на Економскиот форум во Полска, 3 септември 2025.

Слободата на медиумите под притисок: Европските организации алармираат

September 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

УНИЦЕФ: Наставниците масовно учествуваа на вебинари за поддршка на дигиталното учење

December 27, 2021 10:11
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите три месеци УНИЦЕФ, Бирото за развој на образованието и Смарт ап поддржаа единаесет вебинари за зајакнување на капацитетите на наставниците, воспитувачите и другите практичари во образованието, на теми поврзани со примена на иновативни методи на настава со фокус на дигитални алатки и дигитално учење. Над 23 000 учесници присуствуваа на сесиите реализирани преку платформата за учење Едуино.

Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава соопшти дека со фокус на размена на најдобрите практики помеѓу наставниците и совети од колегите, вебинарите опфатија теми како: формативно оценување во услови на хибридна настава, презентација на моделот „превртена училница“, подготовка на интерактивна и асинхрона настава, креативно учење преку игра и користење дизајнерски приоди како метод на настава.

Во услови на повисок ризик децата да го напуштат образованието поради затворање на училиштата за време на КОВИД-19, вебинарите исто така им претставија на наставниците вовед во рамка за откривање и давање поддршка на децата што се во ризик да го прекинат своето образование.

– Наставниците се движечката сила зад закрепнувањето на образованието од КОВИД-19. Затоа тие мора да одржуваат чекор со новите случувања во образованието, да изградат капацитет за прилагодување и да иновираат под отежнати услови, како и да добијат пристап до ресурси за стручно усовршување. Нивната позитивна реакција на онлајн курсевите и средбите за групно предлагање решенија покажува дека можеме заеднички да осмислиме поиздржлив образовен систем по кризата со КОВИД-19, изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Покрај зајакнувањето на можностите за стручно усовршување преку вебинари, онлајн курсеви и конкурси за групно предлагање решенија (краудсорсинг), тековната програма Едуино, наведува Канцеларијата на УНИЦЕФ, опфаќа и финализирање на национална библиотека со видеолекции, изработка на национална збирка на учебни материјали што ќе служи како едношалтерски систем за дигитални материјали, проширување на конкурсот Едуино и зголемување на групата и програмата на Едуино амбасадори.

Вебинарите беа поддржани од иницијативата на УНИЦЕФ финансирана од регионалната програма на Европската Унија „Ублажување на влијанието на КОВИД-19 врз животот на децата и родителите во регионот Западен Балкан и Турција“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а беа реализирани од Смарт ап – лабораторија за социјални иновации.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ