• Latest

Затегнатоста на Црното море ја подигна цената на Бугарија, Северна Македонија „ранета“ на „линијата на огнот“

January 2, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Затегнатоста на Црното море ја подигна цената на Бугарија, Северна Македонија „ранета“ на „линијата на огнот“

Можното воено соочување на големите сили заради Украина направи нови приоритети во западните стратегии. Притоа, Русија ги задржува своите позиции на Балканот - за неа Бугарија секогаш била клучен играч во нејзината империјалната политика од Берлинскиот конгрес наваму. Западните сојузници исто веруваат  дека тие имаат свој верен сојузник во Софија. Шизофрено, нели?

January 2, 2022 10:27
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Непосредно пред Новата година, битниот телефонски разговор меѓу Путин и Бајден околу Украина мина задушен од уличните вреви, поврзани со пречекот на 2022 година. И интересот на медиумите за овој настан, од кого сериозно зависеше и мирот во светот, мина без соодветен интерес. Сепак, од Кремљ е издадено соопштение по телефонскиот разговор меѓу Путин и Бајден. Во него се истакнува дека главна тема на состанокот била безбедносната гаранција за Русија, за што двајцата лидери разговарале на нивната претходна он-лајн средба, а кога Москва постави доста тешки услови поврзани со одбраната на НАТО на Украина, непосредно спроти заканите на Русија кон западниот сосед, што беа посебно затегнати од април минатата година.

Бајден – Путин

Дали непријатноста на барањата упатени кон западните сојузници во врска со овој конфликт се надминати? Се чини главно не, иако Бајден, да речеме, дал гаранција дека Украина нема од НАТО да добие офанзивно оружје, што според дополнителната изјава на министерот за надворешни Лавров и не е доволна?! И тие разговори треба да продолжат во Женева на 9-10 јануари, а потоа во Брисел на 12 јануари во рамките на Советот Русија – НАТО, а на 13 јануари преговорите ќе почнат во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Влијанието на украинската криза врз Северна Македонија

Но, дали ова силно заострување меѓу две велесили во областа на Црното море, со блиски средби на авиони и воени бродови не влијаеше на пошироката средина, па и на Северна Македонија пред сѐ? Се чини дека токму тоа се случи, и тоа токму во последниот месец од годината, кога ние како земја очекувавме да дојде до израз финалето на силниот меѓународен притисок врз Софија, па таа да го тргне своето вето за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Факт е дека кај нас (а и во соседна Албанија) тој миг се очекуваше со голема извесност токму во тој временски простор. Што упатуваше на тоа?

Бугарскиот претседател, Румен Радев, со остра реторика против Северна Македонија (фото: МИА)

Секако дека заклучокот доаѓаше и од многу детали од средбата на големите европски лидери со претседателот на Бугарија Радев во Брдо кај Крањ (Самит за Балкан, 7 октомври), кога според телевизиските извештаи, дури и тонот да беше случајно исклучен, а да се користеше само визуелниот приказ, беше јасно дека претставникот на источниот сосед излезе од салата каде се држела затворената за јавност средба (присуствуваше дури и канцеларката Меркел, иако беше со една нога во пензија) со збунувачки израз. Дури и најдобриот холивудски шминкер не би можел да го покрие тој негов изглед кој кажуваше се’ –дека за Радев просторијата што остана зад него личела на мачилиште, со закана потоа да влезе во Дантеовиот пекол во блиска иднина.

Тврдиот гард на Зоран Заев

Имаше многу најави, секако, како тие непосредни денови би изгледале – скусување на парите од Унијата (испробан модел во случајот со некои одлуки на полското законодавство, одбивањето на „хардварците“ од партијата која победи на изборите во Бугарија да бидат тие што ќе ја аминуваат волјата на Радев и слично).

Зоран Заев (архива на ЦИВИЛ, ноември 2019, фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вордингот на бугарскиот претседател во Брдо кај Крањ видливо не се смени, но тоа не загрижуваше – Заев говореше со доста тврд гард, веројатно охрабрен од присутните, па дури и лидерот на нашата опозиција Мицковски, навистина два месеци подоцна, иако генератор на негативна енергија во општеството, призна дека за најдоцна пет дена ние ќе добиеме одлука за отпочнување на преговори со Унијата и побара СДСМ да не си ги припише заслугите само себе си за тој чин!

Заострување на реториката

Нешто некаде „пукна“ во тој миг во хронологијата на настаните и работите се сменија молневито- реториката на Радев и компанијата околу него стана уште поостра, европејците се оладија во својата решителност да ја виткаат бугарската рака до крај, а високиот американски претставник за Балканот, Габриел Ескобар го снема од екранот пред Нова година! И декемвриската сесија за нас и Албанија се покажа како нов неуспех, не се доби ниту нов, утешен термин.. Каде е „закачката 22“?

Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан, Габриел Ескобар (фото: МИА)

За да дојдеме до одговорот треба да се одлепиме од „дрвото“ – да се обидеме еднаш да го погледнеме македонско-бугарските односи од подалеку, од точката од каде се гледа и поголем дел од „шумата“ – просто регионот во кој има бурни настани, се предизвикани од ривалитетот на големите сили, се под силен гас среде кризата на украинско – руската граница, а посебно се заканувачки во Црното море.

„Режиските услуги“ на Црното море

Одеднаш, Бугарија доби далеку повисока стратешка позиција, секако не со своите прастари мигови кои знаат и да паднат одвреме-навреме или со својата флота од советскиот период, туку со аеродромите и пристаништата на Црно море и своите „режиски услуги“.

Во услови на можна голема војна се тргаат од видокругот сите работи кои можат да станат пречка во максималната ефикасност на сопствените ресурси. За Американците ова значи одложување на притисокот кон Радев и дружбата, како што, дали забележавте, актуелната влада во Подгорица, која беше пред сигурен пад, ненадејно преживеа, иако беше порачана седница на која таа требаше да падне и социјалистите одново да се вратат на тронот со четирите гласови на Абазовиќ.

Парламентот на Црна Гора (фотографијата е преземена од МИА)

До тоа не дојде, од тоа беше изненаден и иницијаторот на промената и оние кои требаа да ја бранат превласта во Парламентот (да ја наречеме работно – просрпската коалиција). Најзачуден остана човекот кој требаше да ја напушти владеачката коалиција – токму Дритан Абазовиќ. За да не го изгубиме контекстот, да останеме за час во Подгорица.

Во дебата на загрепската редакција на N1, црногорскиот аналитичар Андреј Николаидис ја коментираше ситуацијата во земјата откако на неодамнешната седница на Парламентот се одложи, и со тоа дојде до откажување од рушење на владата. Во еден миг, според аналитичарот, изгледало дека владата на Здравко Кривокапиќ е во ситуација да ја поддржуваат само 14 од 81 пратеник.

„Сѐ уште не е јасно зошто владата не падна –  вели тој, но додадава – „една стара кинеска поговорка вели дека има повеќе начини да се одере мачката“.

Шизофрено на фронтот меѓу Исток и Запад

Тој, и некои други коментатори, истакнаа по тој повод дека се свесни дека нивната земја во тој миг е најзначаен српско-руски хибриден фронт, како што велат, и се знае како е поставен (кон Западот). До рушење на парламентарното мнозинство требаше да дојде сам по половина ден откако американскиот претставник Ескобар беше да ја опомене Бања Лука за тамошните рушителни акции вперени кон БиХ и Дејтонската основа на оваа држава. Таму во помош пристигна, како котра-страна и Орбан со своите 100 милиони евра (!) помош за Додик да го издржи тој притисок, што малку појасно го дефинира веќе споменатиот фронт меѓу Истокот и Западот. Шизофрено е нели?!

Затоа, Црна Гора се чинеше во тој миг земја со најслаба точка и систем,  каде според аналитичарот Михајло Терзиќ (Црногорец кој живее во Белград), претходно власта се освои со „фашистичкиот етно-центризам“, односно со политичките процесии на Српската павославна црква. Основна стратегија на таа операција која заврши во август лани, беше „интегрирање на сите Срби во регионот“ и тоа кога монтенегрите се веќе во НАТО.

Оваа држава во силна раздвоеност на интересите, сега не доби никакво ново поглавје за натамошни преговори со Унијата. Сепак, пред да се случат промените во Парламентот, одново имаме од некаде мистичен сигнал кој вели „не сега“: Јадранот е битна географска позиција, но ако само во мигот таму нема бранувања. Падот на власта немаше да биде таков знак. Но имаше доволна опомена во стилот „Ѓекна сѐ уште не е, ама…“.

Украина во фокусот на светските збиднувања. Како тоа влијае на Западен Балкан и Северна Македонија?

Позицијата на Северна Македонија

Каде е тука Северна Македонија? Па таа е на „линијата на огнот“, како што јасна кажа Џон Кери, државен секретар на САД во февруари 2015 година и при тоа појаснувајќи дека се работи за проценка виза ви американско – руските односи!

Во 2021 година, посебно на крајот, ние немавме доволна заштита, иако мора да се подвлече дека организираното рушење на мнозинството во Парламентот, создадено со моќна акција на другата страна на фронтот, не успеа, иако не е сосема јасна, до крај, одлуката на Зоран Заев за повлекување на функциите, што на интерната нестабилност и даде додатна, силна инерција.

Да се потсетиме на „црните пари“

Да се сетиме на тоа дека сега експремиерот Заев спомена после локалните иабори дека огромни пари се слеале во земјава пред гласањето, дека се работи за финансирани политички сили во ова одлучување на гласачите; потоа, имавме јасен обид за правење на промена во мнозинството во македонскиот Парламент, за кое знаеме како заврши, секако и со подршка на западните сојузници кои навреме се сетија што е целта при овој потег; потоа дојде до оставката на Заев кој беше заменет со негов фаворит, чија биографија секако треба внимателно да се исчита …

Од другата страна на фронтот добивме еден руска „чадна бомба“ во форма на документарец што наводно ја поддржува нашата национална свест, но реакција на Софија експресно доведе од Кремљ да дојде  своевидна исправка. Едноставно се потврдува дека Бугарија останува централна фигура во империјалната политика која Москва ја има на Балканот од Берлинскиот конгрес па наваму! Конечно, неколку часови пред Нова година дојде до распад на правосудниот систем, охрабрен од некаде и некого, кога од зад решетките излегоа двајцата најкрупни „ѕверки“ кои ги имавмр во Шутка – Мијалков и Камчев, последниот и постојан кандидат за почесен конзул на Софија во земјава. Ни се случуваат и други нешта кои бараат дополнителен простор, но ниту една земја од „линија на огнот“ не претрпе такви удари на крајот на 2021 година.

Унијата има свои традиционална индолетност, САД си постави набрзина нови приопритети, а Русија има доволно широк круг на помагачи на кои може да смета во дестабилизацијата на регионот.

 


Сите права се задржани.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ