Почина претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, објави денеска на Твитер неговиот портпарол Роберто Куиљо.
Сасоли (65) почина на 11 јануари во 01:15 часот во Италија, каде што беше хоспитализиран, додаде неговиот портпарол.
Сасоли беше во болница во Италија од 26 декември поради „сериозни компликации” во врска со неговиот имунолошки систем, соопшти неговата канцеларија.












