• Latest
Фото: Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи / Утрински брифинг

Спасовски: Јас не можам да поддржам опција бизнис владеењето да го преклопи демократското владеење

January 12, 2022
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Јас не можам да поддржам опција бизнис владеењето да го преклопи демократското владеење

January 12, 2022 10:58
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Фото: Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи / Утрински брифинг

Фото: Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи / Утрински брифинг

Share on FacebookShare on Twitter

Според најавите и плановите на новиот премиер Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, останува на својата функција.

-Оваа Влада е со полн легитимитет и пред пратениците стојат сите делвнички можности. Нормално дека очекувам дебата и таквата дебата е добредојдена, вели Спасовски.

Тој вели дека и во СДСМ се водела дебата за кадровската политика на мандатарот Димитар Ковачевски по гласините дека Петре Шилегов бил против Спасовски да остане на функцијата. Спасовски вели дека на Централниот одбор на партијата овој предложен состав поминал едногласно и без ниту еден воздржан.

Неколку министри кои нема повеќе да бидат министри не присуствуваа на состанокот на ЦО и тоа се толкува како политички израз, но Спасовски вели дека причините за нивно отсуство била оправдана и однапред најавена.

-Демократскиот капацитет на СДСМ е на високо ниво и тоа сме го покажале во многу нарати, вели Спасовски.

По оставката на Зоран Заев која никој не ја очекуваше, и тој и неговиот претседател на партијата Ковачевски повикаа на обединување. Спасовски вели дека е нормално да има различни мислења, а најави и конгрес на кој ќе се разговара за изборните резултати и консолидацијата на партијата.

-Демократијата и Македонија како демократско општество може само да се надградува. Друг пат нема. Не е исто како во 2016 година. Демократија има, но далеку од тоа дека за тоа не треба да се разговара. Јас не можам да поддржам опција бизнис владеењето да го преклопи демократското владеење, вели Спасовски.

Тој додава дека изминатиот период беше битно да се подигне на повисоко ниво борбата против корупцијата. Но, механизмите за тоа не се кај вицепремиерот туку кај институциите и за тоа е потребна координација оти тоа секогаш дава подобри резултати.

-Ние во МВР направивме еден национален центар за борба против организираниот криминал во кој учествуваат претставници од сите институции кои се занимаваат со оваа проблематика. И ова тело даде резултати, а ние постојано испраќаме извештаи до ЕУ за тоа, вели Спасовски.

Има впечаток дека постои грч во однос на корупцијата и таа се сведува на односи на јавност повеќе одошто на конкретна борба против неа.

-Заедничка стратегија за настап за борбата против криминалот е мнгоу битно да се направи и за тоа сум разговарал лично со еврокомесарот за внатрешни работи. Ние ја информираме јавноста за секое дело што сме го откриле, но очигледно е дека тоа не е доволно за јавноста. Треба да дадеме сумарен извештај. На пример, 2020 година имаме најдобри резултати во последните 30 години, вели Спасовски.

Секако дека има и проблеми на кои треба да се посветиме повеќе, вели Спасовски. На пример, до 2017 година немаше водење финансиски истраги и конфискација на имот. Второ, сајберкриминалот беше оставен на страна и на тоа треба да се посветиме, а миграцијата и тероризмот исто така треба повеќе да влезат во фокусот, коментира Спасовски за Утрински брифинг.

Дел од јавноста се прашува како е можно да нема откриено никаков криминал во коалицискиот партнер на СДСМ од албанскиот блок, ДУИ.

-Мислам дека треба комплетно да ги извадиме сите случаи кои биле покренати против функционери од ДУИ. Имавме постапки и против директори и против други функционери, вели Спасовски. Тој додава дека ниту еден од министрите кои нема да бидат во новата влада не се поврзани со криминал ниту тоа е причина за нивна смена.

За мандатарот Димитар Ковачевски, Спасовски вели дека се познаваат одамна и имаат и приватни релации, но тоа не може да се доведе во врска со работата во владата.

Проследете го целиот разговор во видеото

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ