• Latest
Фото: Jani Kaasinen/ unsplash

Кржаловски: На ист начин беше избран и Мицкоски и најмалку тој треба да кажува дека Ковачевски е пион

January 14, 2022
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кржаловски: На ист начин беше избран и Мицкоски и најмалку тој треба да кажува дека Ковачевски е пион

January 14, 2022 11:09
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Фото: Jani Kaasinen/ unsplash

Фото: Jani Kaasinen/ unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

И Мицкоски кога беше избран за лидер исто важеше дека е пион на Груевски. Не е во ред таквиот речник за комуникација меѓу партиите и меѓу лидерите. На ист начин беше избран и Мицкоски и најмалку тој треба да кажува дека Ковачевски е пион, вели аналитичарот Александар Кржаловски.

Уште неизбран, идниот премиер Димитар Ковачевски од најголемата опозициска партија секојдневно е нарекуван пион на премиерот во оставка Зоран Заев, а за да не биде така, бара уште во првите 100 дена да има истраги за Заеви. Уште неседнат во премиерското столче, мандатарот Димитар Ковачевски е на удар на опозицијата, која го нарекува пион на Зоран Заев. Експертите ваквиот речник го нарекуваат непримерен и сметаат дека треба да се воспостави културна комуникација, без навреди.

– Непримерен е речникот меѓу најголемите политички партии. И Мицкоски кога беше избран за лидер, исто важеше дека е пион на Груевски. Не е во ред таквиот речник за комуникација меѓу партиите и меѓу лидерите. На ист начин беше избран и Мицкоски и најмалку тој треба да кажува дека Ковачевски е пион. Мицкоски и при првиот и при реизборот недоволно се дистанцираше од Груевски. Нема потреба од таков вординг, но очигледно толкав е капацитетот на самите партии и на лидерите. Таквиот речник за жал им одговара на партиите за да поттикнуваат популизам кај своето членство, иако тоа е глупаво – смета аналитичарот Александар Кржаловски.

Нивото треба да се подигне

Ковачевски, пак, во неколку јавни настапи досега истакна дека нивото на политичка култура треба да се подигне.

– Јас нема да навлегувам во ниското ниво на политичка комуникација како ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не ми го дозволува прво моето воспитување и начинот на кој ја имам градено мојата кариера. Треба нивото на политичка култура да се подигне и да разговараме за решенија на проблемите што ги имаат граѓаните, а не секојдневно да гледаме обвинувања едни кон други – вели Ковачевски.

Ковачевски претходно најави дека со Мицкоски ќе разговара за актуелните прашања, како и да се изнајде решение за закони од интерес на граѓаните. Мандатарот открива дека вечерта кога бил избран за претседател на СДСМ, а Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, телефонски разговарале дека по изборот на новата влада ќе се видат и ќе разговараат за актуелната состојба.

Опозицијата чека официјална покана

Од ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“ велат дека чекаат официјална покана од мандатарот за средба на лидерско ниво.

– Средбата би била прифатена под услов да се разговара за следниот дневен ред: предвремени парламентарни избори како единствено одржливо и кон граѓаните одговорно решение, содржината на одговорите на прашалникот „5 плус 1“ кон Бугарија и позициите на Македонија, и точка разно во која би спаѓало и разговор на темата сузбивање на криминалот и корупцијата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По условувањето од Мицкоски, од СДСМ одговорија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не ја разбрал суштината на поканата.

– Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба. Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори. Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните. За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми – велат од СДСМ.

Според владејачката партија, избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија. Покрај ова, новата влада предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера мандатот докрај, односно до 2024 година и оттаму избори не се во план.

Кржаловски: Лидерска средба еднаш месечно

Кржаловски смета дека не само што идниот премиер и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се сретнат, туку дека треба да воспостават практика најмалку барем еднаш месечно да одржуваат состаноци.

– Средба треба да има помеѓу идниот премиер и лидерот на најголемата опозициска партија, но таа да не се условува. Иако Мицкоски ја условува средбата, не гледам зошто Ковачевски не би ја прифатил – вели Кржаловски.

Извор: Слободен печат

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ