• Latest
Фото: cope.es

Ќе се отвора истрага дали поранешниот папа Бенедикт XVI знаел за сексуално насилство врз деца

January 20, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ќе се отвора истрага дали поранешниот папа Бенедикт XVI знаел за сексуално насилство врз деца

January 20, 2022 10:28
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: cope.es

Фото: cope.es

Share on FacebookShare on Twitter

 Во Германија денеска ќе се објави извештај што може да отвори потенцијален скандал за сексуално насилство врз деца во католичката црква,а меѓу оние кои можат да се најдат во центарот на внимението е поранешниот папа Бенедикт XVI, јавија француските медиуми.

Во извештајот на адвокатската канцеларија Westpfahl Spilker Wastl (WSW) се анализира како биле разгледувани случаите на злоупотреба во Архиепископијата во Минхен и Фрајзинг, меѓу 1945 и 2019 година. Извештајот е нарачан од Минхенската архиепископија, а во него требаше да се испита дали „одговорните ги почитувале законските барања, како и дали дејствувале соодветно во справување со сомнителни случаи и можни извршители“, пренесува информативната агенција МИА.

Поранешниот папа Бенедикт, чие име е Јозеф Рацингер, беше архиепископ на Минхен од 1977 до 1982 година.

Во тоа време, свештеникот – педофил Питер Хулерман бил обвинет за малтретирање на едно 11-годишно момче. Тој е казнет со преместување во Минхен од Есен, во Западна Германија. И покрај скандалот, тој продолжил да извршува пастирски должности и во 1986 година бил осуден на условна казна за насилство врз неколку деца.

Инспекторите сугерираат дека случаите на насилство се случувале во времето кога Рацингер бил архиепископ на Минхен.

И по осудата, Хулерман продолжил да работи со деца. Неговиот случај е пример за неправилниот став на црквата кон насилниците.

Бенедикт негираше дека знаел за историјата на свештеникот. Според германските медиуми, бившиот папа дал изјава од 82 страници како одговор на истрагата.

-Почесниот папа „ја зема при срце судбината на жртвите на насилство“ и во целосно се согласува „да се објави извештајот од Минхен“, изјави неговиот портпарол Георг Хансвејн за весникот „Билд“.

Во 2013 година, 94-годишниот Бенедикт стана првиот папа кој поднесе оставка, за првпат по 600 години. Сега тој живее во поранешен манастир на територијата на Ватикан.

Реформаторската католичка група „Wir sind Kirche“ (Ние сме црква) го повика поранешниот понтиф да преземе одговорност за тоа што се случило, додека раководел со епархијата во Минхен.

-Признание на Рацингер, дека со своите дејствувања или недејствувања, знаење или незнаење, е лично и професионално соучесник во страдањата на многу млади, би било пример за многу други епископи и одговорни лица, се наведува во изјавата.

Во последните години, Католичката црква во Германија е потресена од серија извештаи, во кои се открива за широко распространето насилство врз деца од страна на свештеници.

Студијата нарачана од Германската епископска конференција во 2018 година, тврди дека 1.670 свештеници во земјата извршиле некаква форма на сексуален напад врз 3.677 малолетници меѓу 1946 и 2014 година. Но, постојат сомнежи дека бројот на жртви е многу поголем

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ