• Latest
Фото: Слободен печат

Вработени во „Џонсон мети“: По промената на позицијата директор од странец во Македонец, компанијата е доведена до распад

January 20, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Вработени во „Џонсон мети“: По промената на позицијата директор од странец во Македонец, компанијата е доведена до распад

January 20, 2022 14:56
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: Слободен печат

Фото: Слободен печат

Share on FacebookShare on Twitter

Според писмото од вработените, со нови мерки, новиот директор им ја скратил платата од 4.000 до 5.000 денари. Директорот Борозанов пак, вели дека ништо од обвинувањата не е точно

Вработени во  компанијата „Џонсон мети“ испратија писмо до редакцијата на „Слободен печат“ во кое обвинуваат дека „по промената на позицијата директор од странец во Македонец, компанијата „Џонсон Мети“ е доведена до потенцијален распад“ и дека веќе имало протести во компанијата, а можен е и штрајк.

Според вработените што го испратија писмото, новиот директор Боријан Борозанов им ја скратил 13-тата плата, над одреден лимит не дозволува платена прекувремена работа, туку само компензација со слободни денови кога тој ќе ги одобри, а тврдат и дека денот недела нема да биде платен како што е според новиот закон.

„Овие нови мерки допринесоа операторите да имаат 4 -5 илјади денари пониска плата. Откако мерките стапија на сила вработените револтирани почнаа со стопирање на производниот процес со цел да се чуе нивниот глас. На 15  јануари се случи првиот протест кога работниците во прва смена одлучија да го стопираат производството бидејќи им се скратени сите права и бенефиции“, пишува во писмото во кое се објаснува дека протестот траел два дена и дека вработени од повисокиот менаџмент кои им дале поддршка биле избркани од работа.

„Слободен печат“ побара став од директорот Борозанов, во врска со наводите во писмото од работниците.

– Ништо од ова не е точно. Во моментов сум на состаноци со странски партнери, но дополнително стојам на располагање и за подетален одговор – ни одговори Борозанов.

Британската компанија „Џонсон Мети” е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето.Во Македонија во компанијата има над 800 вработени и таа е најголемиот извозник во државата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ